Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Hollaback! Мобилната технологија против уличното насилство!

Hollaback! е платформа за ангажирање на голем број надворешни соработници за да се ползува моќта на мобилните технологии со цел пријавување на улично насилство. Повеќе од алатка или групи на алатки, Hollaback! се опишува себе си како „движење“.

Hollaback! е движење посветено на ставањето крај на уличното насилство со помош на мобилната технологија. Уличното насилство е една од најприсутните форми на родово насилство и едно од најмалку законски регулираните. Коментари од типот „каква риба си!“ па се до пипкање, смешкање и физички напад, сето тоа е дневната, глобална реалност на жените и ЛГБТК лицата. Но, истото ретко се пријавува и е културолошки прифатено како „цената што треба да биде платена“ за тоа што си геј или жена. Кај нас на Hollaback!, тоа не поминува.

Заснован на претпоставката дека „експлозијата на мобилната технологија ни нуди единствена можност до сега да ставиме крај на уличното насилство“, проектот ги охрабрува жените од целиот свет да ги користат алатките кои им се на располагање за да ги споделат своите стории и да ги лоцираат географски, како и да ги пријават истите.

Вклучувајќи смартфон апликации, видеа на Јутјуб, Гугл мапи, група на Фејсбук, корисничка сметка на Твитер и мулти-блогерска платформа, Hollaback! е повик за вооружување кој бара активна вклученост на учесниците заснована на интелигентната и јасна употреба на мобилните и веб алатки, но пред сè, се работи за кампања за промена на културолошките гледишта во однос на уличното насилство.

Hollaback! предлага неколку начини за вклучување. Проектот потекнува од САД, со присуство во неколку американски града, но веќе се направени локални веб-локации од страна на жени во градови како Лондон, Бомбај и Буенос Аирес, и земји како Чешката Република и Франција.

Hollaback! е позитивен модел на граѓанско новинарство, каде жените со пристап до мобилна технологија можат да го прекинат молкот и да бидат слушнати. Слушаш ли?

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.