Оригинално објавено на 23 декември 2010 година.
Невработен Тунижанец се самозапалил во знак на протест против неговата невработеност, предизвикувајќи бран немири на теренот и бран солидарност и поддршка на платформите за социјално вмрежување.
Додека судбината на Мохамед Буазизи (26) од Сиди Бузид, во јужен Тунис, останува нејасна, туниските нетизени инцидентот ги поттикна да се жалат на недостатокот на работни места, корупцијата и влошувањето на условите за заштита на човекови права во нивната земја.
На Фејсбук, Твитер и блогови, корисниците на интернет изразуваа солидарност со Мохамед, кој пред неколку години дипломирал на универзитетот Махдиа, но не можел да најде работа. Како единствен хранител на семејството, тој решил да заработува за леб со продавање овошје и зеленчук на улична тезга. Бизнисот му носел многу мал приход, доволен само да не мора да просат. Функционерите од локалната власт неколку пати му ги одземале производите што ги продавал. Тој се обидел да им објасни дека ја работи таа работа оти нема избор во борбата за преживување. При секоја конфискација го навредувале и бркале од општината. Последниот пат кога тоа се случило, Мохамед целосно изгубил надеж во животот и решил засекогаш да го напушти. Се полеал со бензин и се запалил.
Беа креирани неколку групи на Фејсбук со осуда на слученото. Г. Претседател, Тунижаните се самозапалуваат (арапски) е една од нив. За помалку од 24 часа оваа група привлече 2.500 членови, а денес има над 10.000. За помалку од 24 часа властите ја цензурираа, кои го попречија Интернет со железна тупаница.
Еве две снимки од екран. На втората е прикажано што гледаат Тунижаните кои се обидуваат да пристапат до веб-страницата:
Некои блогери пишуваа за овие случувања и изразија лутина. Пишувајќи на туниски дијалект, Букачен напиша пост насловен Холокаустот од Сиди Бузид:
الحكاية يا جماعة ميش جديدة، عندها سنين حالة المناطق الداخلية ميزيريا تتحد في تسليطها على الناس الظروف المناخية و تهميش هالمناطق بكل لامبالاة و فرح دائم و طحين مستمر. اما الحكاية ما تاقفش هنا، لأنو الاعلام المنحط متاع بلاد العم بوكشان يمارس تعتيم كامل عالحكاية،…
Туниско девојче додаде:
Dernièrement , les immolations par le feu se sont multipliées en Tunisie .Les acteurs de ces actions sont généralement des citoyens tunisiens qui ont perdu tout espoir en une vie descente . Chômage et pauvreté sont au rendez-vous et ont envenimé leur existence.
Гневот се шири и меѓу туниските корисници на Твитер со хаш-тагот #sidibouzid.
1 коментар