- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Руската амбасада Ви посакува среќен Ден на шегата

Категории: Русија, САД, Граѓански медиуми, Меѓународни односи, Политика, Хумор, Рунет Ехо

Скриншот. Извор: ЈуТјуб.

Денеска е 1 април – „Ден на шегата“ во државите од руско говорно подрачје – и руското Министерство за надворешни работи (МНР) ја искористи приликата сатирично да се пошегува за геополитичките случувања, уживајќи го вниманието кое Русија го привлече со вмешувањето во претседателските избори во САД во 2016 година.

Утрово МНР објави видео [1] од хумористична гласовна порака од руската амбасада на нивната Фејсбук страница со наслов, „Руското Министерство за надворешни работи изработи целосно снимена гласовна порака за сите странски руски дипломатски мисии“.

Добрый день! Вы позвонили в посольстве России. Если Вы хотите заказать звонок российского дипломата Вашем политическим конкурентам, нажмите 1. Чтобы воспользоваться услугами русских хакеров, нажмите 2. По вопросам вмешательства в выборы, нажмите 3 и ждите начала избирательной кампании. В целях повышения качества услуг все разговоры записываются.

„Добар ден! Ја добивте руската амбасада. Вашиот повик е многу важен за нас. За да договорите повик од руски дипломат до вашиот политички опонент, притиснете 1. За да ги користите услугите на руските хакери, притиснете 2. За да побарате вмешување во избори, притиснете 3 и почекајте до следната изборна кампања. Ве молиме имајте предвид дека сите повици се снимаат со цел контрола на квалитетот и тренирање“.

Слушнете тука (англиската верзија на гласовната порака почнува на 0:29):