Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Глобал Војсис на ајмарски: Преведувачки искуства во 2011

Оваа статија е дел од нашата специјална репортажа за Глобал Војсис во 2011.

Моето име е Викторија Тинта и би сакала накратко да го споделам моето искуство со Глобал Војсис:

Започнав да преведувам за Глобал Војсис на ајмарски во 2009, но тогаш, преведував по една статија на ден на теми како политика, спорт, образование, животна средина и др. Но, откако започнав да работам како уредник, повеќе не преведувам само по една статија, туку повеќе од пет месечно.

Сите овие статии ги преведувам во слободното време, за секоја објава одвојувам еден, два или дури три часа, во зависност од неговата должина. Со преведувањето и уредувањето на текстови, научив многу за настаните што се случуваат во другите земји. Помеѓу преводите, има еден кој посебно ме заинтересира: Јазици: Ајде да објавуваме на Твитер и да зборуваме кечуански. За мене, тоа беше интересна тема за преведување, ова е преводот на ајмарски: Aymara: Arunaka: Tuytiyañani ukatx qhichwat arsuñani.

Members of the Global Voices in Aymara team at the celebration dinner commemorating the official Lingua status. Photo by Eddie Avila taken in El Alto, Bolivia. .

Членови на тимот на Глобал Војсис на ајмарски на свечената вечера во чест на официјалниот Лингва статус. Фотографија од Еди Авила направена во Ел Алто, Боливија.

Многу ме радува тоа што сум преведувач – волонтер и навистина сум мотивирана да продолжам со работата.

Исто така, би сакала да му честитам на преведувачкиот тим од Глобал Војсис на ајмарски.

¡Nayraqatar sarantasipkakima!

Само така продолжете!

Ирма Силвериа Лаура Апаза пишува:

Започнав да преведувам статии за Глобал Војсис на ајмарски, на почетокот на јуни 2011 год, а отсекогаш ме интересираше сè што е поврзано со јазиците. Мислам дека е многу важно да се придаде вредност на ајмарскиот јазик и да се шири овој јазик низ интернет, за да можат и другите луѓе да се заинтересираат преку преводите.

Статија која навистина ме заинтересира е Словачка: Најскапите Ејпл компјутери , на ајмарски: Eslovaquia: Apple cumputaduranakax sinti jila chaniniwa.

Можеби оваа тема не би била интересна некому, но студентите на универзитетите ја имаат најновата технологија за нивните студии без да ја знаат цената на нивните компјутери. Да се има компјутер повеќе не е привилегија, туку потреба. Повеќето студенти користат коппјутери од типот netbook, но во некои земји, многу од професорите не се разбираат многу од технологија.

Марта Валенсиа Интимајата пишува:

Моето учество во Глобал Војсис на ајмарски започна во 2010 и трае сè до денес. Преку оваа преведувачка работа се информирав за случувањата низ светот.

Со тек на време, преведував статии од многу интересни теми, вклучувајќи една статија која имаше силно влијание врз мене, тоа е: Иран: Жена блогер доби 50 камшици, преводот гласи: Aymara: Irán: Bloguerax phisqa tunk jawq’aw katuqatäna.

Како може еден блогер да добие 50 камшици само затоа што објавил информации? Тоа воопшто не е праведно.

Виктор Пако Монтевиља пишува:

Јас, лично, започнав да преведувам во почетокот на изминатата година.

Најпрво, ми претставува огромно задоволство што можам да придонесам за ајмарскиот јазик на интернет, посебно преку Глобал Војсис Онлајн. Со оглед на моите преводи за Глобал Војсис на ајмарски, сметам дека претставува придобивка за говорниците на ајмарски и за самиот јазик, тоа што неговиот статус значително расте, со тоа што го има онлајн.

Темата која најмногу ме заинтригира беше поврзана со помошта добиена од хуманитарните работници за време и по нивната спасувачка работа по земјотресот во Јапонија: Јапонија: Помош за помошниците, на ајмарски: Japón: Japunan yanapt’irinakar yanapt’asa.

 Ема Куиспе Мамани пишува:

Јас започнав да преведувам за Глобал Војсис на ајмарски во февруари 2011, и веќе има една година. Интересно е што преку преведување добиваш информации за важни теми кои се присутни насекаде во светот и за мене тоа е многу важно. Навистина интересна ми беше статијата: Замбија: Корисниците на интернет го започнаа 90 дневното одбројување за промена, преводот на ајмарски: Zambia: Cibernautanakax 90 urun mark turkakipañ amtawitx niyaw jakhuñ qalltapxi

Ќе продолжам да преведувам, бидејќи навистина ми се допаѓа преведувањето на ајмарски.

Eлиас Куиспе Чура пишува:

Сè започна кога мојот колега Рубен [Хилари] срдечно ме покани да бидам дел од проектот Јаќи Ару. Воопшто не се двоумев дали да се вклучам во иницијативата, бидејќи во тоа време бев во потрага по можности да го применам знаењето стекнато за време на студиите. На почетокот, започнав да објавувам текстови на ајмарски. Потоа, научив како да ги користам алатките на платформата Глобал Војсис на ајмарски, што беше навистина интересно, но и малку комплицирано.

Преведов десетина статии од шпански, француски, англиски и ајмарски. Учествував затоа што сакам да преведувам од различни јазици. Уште повеќе ако се работи за допринесување за еден домороден јазик и пред сè, за да може да се споделува знаење со општеството преку интернет. Една од статиите која најмногу ме заинтересира е: „Мексико: Прославување на 100-тиот роденден на Кантинфлас“. Ја избрав оваа тема, затоа што сум голем обожавател на овој познат комичар, па сакав да научам нешто повеќе за неговиот живот и кариера. Преку преведувањето на статијата научив многу за тоа. За почеток, се ставив себеси на негово место, го почуствував и сфатив дека тој не станал славен преку ноќ, напротив тоа бил процес исполнет со подеми и падови.

Во ајмарскиот јазик, има одредени ограничувања во споредба со другите јазици, посебно кога станува збор за фондот на зборови. Како и да е, тие предизвици се надминуваат постепено. Некои од темите кои ги нема на страната вклучуваа статии за Божиќ, прославуви за Нова Година, карневали и други, што е нешто за што би сакала да истражувам.

Искрено, би сакала авторите на Глобал Војсис да продолжат да објавуваат повеќе нови содржини, на тој начин би имала повеќе избор на статии кои би ги преведувала на ајмарски.

„Aka uraqpachan aruskipt’asipxañasakipunirakispawa.“

„Да продолжиме да се поврзуваме со целиот свет.“

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.