- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Палестина: Протести за национално единство

Категории: Среден Исток и Западна Африка, Палестина, Војни и конфликти, Граѓански медиуми, Протест

Независната младина во Палестина повика на протести во Газа [1] и Вест Банк, на 15 март 2011 година, покажувајќи ја својата лојалност кон Палестина отколку кон Хамас и Фатах. Илјадници луѓе организирани преку Фејсбук, се собраа на плоштадот ал- Катиба во Газа.

Беше очигледно дека се вееја само палестински знамиња – знамиња на Хамас како што известија немало. Подоцна, сили на Хамас ги прекинале протестите насилно при што неколку луѓе биле хоспитализирани .

Омар Грајб за неговото искуство [2] на плоштадот Катиба во Газа, напиша:

Денеска беше неверојатно, протестанти се собраа на ал Катиба и создадоа синџир од луѓе и така заминаа кон плоштадот ал Џунди ал мајхол и сè беше во ред додека не се појавија поддржувачите на Хамас. Тие сакаа да го преземат собирот на плоштадот ал Џунди ал мајхол, држејќи знамиња на Хамас, но демонстрантите се бунтуваа и се трудеа да им објаснат дека ова движење #15 март е исклучиво младинско движење без никаква политичка заднина или политичка приврзаност.

Мал судир се појави помеѓу двете групи, тие фрлаа камења еден на друг и разменија неколку пцости сè додека младината реши да замине од плоштадот ал Џунди и да се врати во ал Катиба, бидејќи не сакаа да западнат во никаква неволја. Атмосферата беше неверојатна и жагор се слушаше насекаде, многу млади луѓе се приклучија, додека пак многумина доаѓаа секоја минута. Секој повторуваше, играше и пееше. Времето беше прекрасно.

Јас отидов на интернет, да ги прикачам сликите и видеото кои ги снимив дента, бидејќи изгубив конекција на плоштадот, а само по неколку минути слушнав како Хамас ги предупредуваше сите присутни да го напуштат ал Катиба пред 17 часот, за да не бидат со сила избркани од плоштадот. Луѓето го игнорираа предупредувањето и надоаѓаа на плоштадот, си планираа протести и подолго останување.

Во 19 часот, нешто чудно се случуваше, почнав да слушам сирени и истрели од пиштол, потоа луѓето врескаа и трчаа во различни насоки. (Јас живеам близу ал Катиба). Работите се влошија и Хамас беше испразнет присилно, а многу демонстранти беа повредени.

Видео на Јутјуб пред да се случат нападите:

Абуел Шариф се изјасни [3] за протестите:

Ситуацијата во Палестина не е вообичаена, поделбата исто така, мојот брат да биде мој непријател е невообичаено, ме растажува да кажам дека деновите додека Израел ја окупираше Палестина беа најнормални, бидејќи ако не го кажам ова, тоа значи дека ние никогаш не сме живееле во нормална ситуација!

Омар Грајб исто така прикачи неколку фотографии [2]:

Револти во Газа- 2011, втори ден! Младина замина на ал катиба! Поставено од Твитслики, корисник Омар _Газа. [4]

Протести во Газа- 2011, втор ден! Младина се сели на ал Катиба! Поставено од корисникот на Твитслики, Омар_Газа.

Глонајм на 15 март прикачил видео снимка од демонстрантите распространети во Катиба:

Илјадници се вратија на улиците во средата на 16 март. Објави на Твитер известија дека протестите пак биле придружувани со насилство од поддржувачите на Хамас.

Омар објави на Твитер [5]:

Демонстранти (од двата пола) кои го опседнаа универзитетот ал азхар, беа нападнати и истепани!

Лајла Абу Даи објави сличен твит [6]:

Сили на Хамас напаѓаат студентки во Ал-Азхар, додека студенти се трудат да ги заштитат! http://bit.ly/dY5eOB [7]

@АмонаЕ го прикачи ова видео [8] на 16 март на кое се гледа како студенти на Ал-Азхар се тепани со палки од напаѓачи:

Палестинци во Рамала покажувајќи ја својата независност од Фатах, се приклучија кон демонстрациите за државната заедница на 15 март. Корисникот на Твитер, @Палестинавоисд, прикачи најнови актуелности:

@Палестинавоисд [9]: Сега има над 2.000 демонстранти на плоштадот Манара во Рамала.

Накратко, тој [10]додава [11] за жолтите знамиња на Фатах:

Поддржувачите на Фатах започнале да пристигнуваат заедно со демонстрантите пред 30 минути (најпосле без жолти знамиња). #Палестина #мар15

Следено од [12]:

Поддржувачите на Фатах се обидуваат да ги пробијат независните младински групи. #Палестина #мар15

Протестите продолжиле [13] на 16 март и траеле се до 20 часот според @Палестинавоисд [14]:

Околу 200 демонстранти во Рамала!

Демонстрациите во текот ноќта на 16 март изгледаа [15] мирно:

Полицијата им носи храна и пијалоци на демонстрантите во Рамала. Очигледно е дека тие сакаат да одолговлекуваат.

@НаланСарај [16], @Омар_Газа [17], @Лајла Даи [18] и @назек88 [19] твитаат во живо од Газа. @ [20]Палестинавоисд [21] и @Палестина15март [22] твитaат од Рамала, а @АмонаE [23] собира твитови и медиумски содржини од цела Палестина.