Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Сирија: Шок и неверување поради убиство на новинари

Оваа статија е дел од нашата специјална репортажа за Протестите во Сирија 2011/12.

Денес, нетизените кои на социјалните медиуми известуваат за секојдневното крвопролевање во Сирија мораа да се повлечат накратко, за да ги апсорбираат вестите за уште повеќе злочини направени против човештвото во областа Баба Амр, во градот Хомс кој е под опсада.

Медиумскиот стратег на Ен-Пи-Ар, Енди Карвин, кој е во Триполи, Либија, објавува на Твитер:

@acarvin: Морам да се исклучам накратко пред да кажам нешто за што ќе зажалам. Не сум во состојба во моментов. #homs #syria

Тој додава:

@acarvin: Убивањето на известувачи и  граѓански новинари нема да не спречи да сведочиме. Не можете да не спречите. #syria #homs

И продолжува:

@acarvin: Овие известувачи и граѓански новинари за еден ден покажаа повеќе храброст отколку што јас ќе покажам за цел живот. Јас сум засекогаш нивен должник. #syria #homs

Додека Ијад Ел Багдади признава:

@Iyad_elbaghdadi: Морам да направам пауза за да плачам. Се гледаме подоцна.

Овие реакции следуваа по известувањата за смртта на американската новинарка Мари Колвин, која работи за англискиот Сандеј Тајмс и францускиот фотограф Реми Очлик. Според Ројтерс, „гранати ја погодија куќата во која тие престојуваа и ги погодила ракета додека се обидувале да избегаат.“

Во меѓувреме, нетизените на терен известуваат дека и трет известувач е ранет при напад на медиумскиот центар во кој биле новинарите и активистите.

Tweets4peace го обвинува сирискиот режим за извршување на нападот. Корисникот на Твитер пишува:

@tweet4peace: Знаеме дека се работи за режимот бидејќи овој тип на проектилски напади трае веќе 19 дена. Денес целта беше медиумскиот центар #homs

Вестите предизвикаа излив на сочувства на Твитер, кои веќе владееја поради глобалната тишина за масакрот против Сиријците кои протестираа против Башар Ал Асад и неговиот режим и кои однесоа илјадници човечки животи.

Од Египет, Маха Абдоеленеин твитна:

@mahagaber: Апсолутен шок и неверување. Мари Колвин убиена во Хомс, Сирија денес. Работевме заедно интензивно на сите работи во Египет.

Диаа Хадид пишува:

@diaahadid: Почивајте во мир Мари Колвин, Реми Очлик, малкумина чесно умираат, пренесувајќи му го на светот она што другите сакаат да го сокријат

И Ранија Забане не потсетува:

@RZabaneh: #Сирија станува смртоносна замка за новинарите. Ова е НЕВИДЕНО: ОСУМ новинари се убиени во 2012; ЧЕТИРИ во #Хомс.

Во меѓувреме, известувачот за Си-Ен-Ен, Арва Дејмон заклучува:

@arwaCNN: Почивајте во мир, нашите двајца колеги убиени во #хомс, цената која ја плаќаме за да ги обелодениме злосторствата, цената која #сирија ја плаќа секој ден за слобода

Оваа статија е дел од нашата специјална репортажа за Протестите во Сирија 2011/12.

Минијатурната слика преземена од Јутјуб видео од интервју со Мари Колвин на Си-Ен-Ен, прикачено од корисникот finriswolf1.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.