- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Колумбија: Националната полиција има YouTube канал

Категории: Латинска Америка, Колумбија, Владеење

Колумбиската полиција има нова стратегија за да ја прикаже својата работа: YouTube канал каде тие поставуваат видеа, со ги покажуваат новите технологии кои ги применуваат [1], видеа од граѓани кои им заблагодаруваат за нивниот придонес, нови кампањи за безбедност и снимки од полицајците во акција.

Во следново видео [2], тие прикажуваат еден странец како им се заблагодарува на полицајците за нивната брза интервенција, откако тој бил ограбен во центарот на Меделин.:

Во следното видео, тие го интервјуираат единствениот женски снајперист [3] во полицијата на Колумбија:

Тие дури го имаат и овој клип [4] каде колумбискиот пејач, со многу интернационални награди, Хуанес [5] им се заблагодарува пред да пее акапела за вработените во полицијата.

Во последното видео, тие известуваат за безбедносните мерки за време на International Development Bank Assembly во градот Меделин, со хеликоптерите кои летале над градот за раководење со операциите на земја. Видеото покажува познати делови од градот од птичја перспектива: