- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Искусете ја „Улицата на денот“ во Токио заедно со јутјуберката Мимеи

Категории: Источна Азија, Јапонија, Граѓански медиуми, Медиуми и новинарство, Младина, Уметност и култура, Храна
[1]

„Кафулето на Такаши Мураками, влог за Токио и за мистериозните гача и Накано“ Слика од „Јутјуб“ каналот на Мимеи [1].

Со нејзините коментари полни со енергија во спој со динамична музика во заднина, популарната влогерка од Токио, Мимеи, [2] ги прикажува разните улици од најнаселениот град на Јапонија, по една на ден на „Јутјуб“, „Инстаграм [3]“, „Твитер [4]“ и други социјални мрежи.

Мимеи, која е по потекло од Окленд, Нов Зеланд, за прв пат во 2010 година се приклучи на сајтот за споделување видеа по една година живеење во Јапонија, и „Земјата на Мимеи“ [5] е всушност нејзин приказ наменет за јапонската публика.

Таа ја опишува „Земјата на Мимеи“ како место за „споделување на мојот живот, моите авантури, и моите чудни откритија со вас.“ Каналот на Мимеи на „Јутјуб“ моментално има преку 162,000 претплатници и собрал преку 14 милиони прегледи откако беше креиран во август 2011 година.

Фановите на каналот, кои Мимеи од љубов ги нарекува „Ананаси“ добиваат видеа во кои се прикажани многуте страни на Токио, од споредните улички на градот до квартот за шопинг Кагуразака, и светски-познатиот премин Шибуја. Скоро секое видео почнува со „Јапонската улица на денот“, и се прикажуваат преполни улици од разни локации низ Токио. Дознајте повеќе за Мимеи од нејзиниот видео вовед [5].

Профилот на Мимеи на „Инстаграм“ [6] е исто така популарен, кадешто таа прикачува фотографии од Токио и други места.

ok, i will let it go after this last picture ? can't wait to see the cherry blossoms again next year ✨ [7]

A post shared by mimei [6] (@mimeiland) on

Во ред, ќе престанам по оваа последна слика – не можам да дочекам да ги видам цветовите од црешите пак следната година

Освен истражувањето на скриеното богатство на Токио [8], „Земјата на Мимеи“ има и видеа каде се истражуваат и други корисни места во Јапонија, вклучувајќи ги замокот Химеџи и познатиот елен од Нара.

На овој канал се прикажуваат и видеа за нејзините патувања во други земји, како Јужна Кореја и Германија.

spent the day at Himeji with my best friend in the world yesterday ?? 昨日友人と一緒に姫路城に行ってきた☺️ [9]

A post shared by mimei [6] (@mimeiland) on

Вчера го поминав денот во Химеџи со мојот најдобар пријател во светот

Личните интереси на Мимеи додаваат шарм во видеата, со теми за места за јадење погодни за вегани во Токио, пробување чудни автомати гашапон (играчка-капсула), и дегустација на најновите пијалоци во „Старбакс“ во Јапонија. Возбудата од снимањето на нејзините авантури во Токио е во баланс со мали видео-блогови заедно со нејзиниот сопруг, колегата јапонски јутјубер ПДР-сан [10] и нивните три мачки.

Секое видео содржи по неколку шик слики од разни места низ Токио, споени со заразна електронска музика, а сѐ потекнува од љубовта на Мимеи за фотографирање и монтирање видеа.