Соединетите Американски Држави го уапсија актерот Џорџ Клуни и татко му Ник за време на протестот пред Суданската амбасада во Вашингтон. Арапските корисници на Твитер го искажаа својот протест за апсењето на Твитер.
Протестот беше организиран за да се привлече внимание кон хуманитарната криза во планинските области Нуба, на границата меѓу Судан и Јужен Судан. Суданскиот претседател Омар Ал Башир е обвинет дека спречува храната и помошта да стигнат до регионот.
Големиот фараон, од Египет, твитна:
Сириецот Спасете ја нашата Сирија реагира:
@freeppl: Актерот Џорџ Клуни е уапсен пред Суданската амбасада.. Мило ми е што некој од Холивуд знае како е вистински да се дејствува
Тунизиецот, Тунисија Хура (Слободни Тунизијци) се шегува:
Малек, од Египет, додава:
Еѓипќанецот Марван Кјуоутб се огласува:
Додека пак Еѓипќанецот Алаја Гад се шегува:
@AlyaaGad: Немојте да го ослободите Клуни. Не можам да го поднесам.. лол
А пак Џ Бери прави споредба со некои од бруталностите што беа извршени над арапските протестанти за време на Арапските револуции велејќи:
За други реакции за апсењето на Клуни проверете го хаштагот #FreeClooney на Твитер, што сега е тренд низ целиот свет.