- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Сирија: Кампања за да се запре годината на крвопролевање

Категории: Среден Исток и Западна Африка, Сирија, Граѓански медиуми, Дигитален активизам, Меѓународни односи, Политика, Протест

Овој напис е дел од специјалната репортажа за Протестите во Сирија 2011/12 [1].

Zeinab from Egypt joins the campaign [2]

Зејнаб од Египет се придружи на кампањата

За да се одбележи годишнината од насилството во Сириската револуција, која започна на 15 март 2011,   започнува кампања за мобилизирање глобална акција на славните, водечките корисници на Твитер и невладините организаци (CIHRS [3], FIDH [4], итн.) од целиот свет за да се испрати масивен повик до светските лидери за да се обединат и да го запрат крвопролевањето таму.

Луѓето се охрабруваат да направат фотографии држејќи го знакот „ОБЕДИНЕТИ ЗА СИРИЈА“ или „ЗАПРИ ЈА ГОДИНАТА НА КРВОПРОЛЕВАЊЕ“ на нивниот јазик и да ги објават на Фејсбук страницата [2] на кампањата. Кампањата се одвива од Бразил до Индонезија и до Арапскиот свет и има за цел да предизвика што е можно повеќе реакции.

На 15 март ќе биде пуштена глобалната снимка со познати личности, заедно со хаштагот на Твитер #ОбединетизаСирија.

Како поддршка на глобалната кампања, 50 светски лидери објавија oтворено писмо [5] во Фајненшл Тајмс со кое ги повикуваат членовите на Советот за безбедност при ОН да се „обединат за Сирија и да ја запрат годината на крвопролевање“.

Овој напис е дел од специјалната репортажа за Протестите во Сирија 2011/12 [1].