Сирија: Кампања за да се запре годината на крвопролевање

Овој напис е дел од специјалната репортажа за Протестите во Сирија 2011/12.

Zeinab from Egypt joins the campaign

Зејнаб од Египет се придружи на кампањата

За да се одбележи годишнината од насилството во Сириската револуција, која започна на 15 март 2011,   започнува кампања за мобилизирање глобална акција на славните, водечките корисници на Твитер и невладините организаци (CIHRS, FIDH, итн.) од целиот свет за да се испрати масивен повик до светските лидери за да се обединат и да го запрат крвопролевањето таму.

Луѓето се охрабруваат да направат фотографии држејќи го знакот „ОБЕДИНЕТИ ЗА СИРИЈА“ или „ЗАПРИ ЈА ГОДИНАТА НА КРВОПРОЛЕВАЊЕ“ на нивниот јазик и да ги објават на Фејсбук страницата на кампањата. Кампањата се одвива од Бразил до Индонезија и до Арапскиот свет и има за цел да предизвика што е можно повеќе реакции.

На 15 март ќе биде пуштена глобалната снимка со познати личности, заедно со хаштагот на Твитер #ОбединетизаСирија.

Како поддршка на глобалната кампања, 50 светски лидери објавија oтворено писмо во Фајненшл Тајмс со кое ги повикуваат членовите на Советот за безбедност при ОН да се „обединат за Сирија и да ја запрат годината на крвопролевање“.

Овој напис е дел од специјалната репортажа за Протестите во Сирија 2011/12.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.