Ескалација на насилство на локалните избори во Србија

Screenshots of videos published by election observation mission of CRTA, depicting election irregularities and incidents of violence. Fair use.

Кадри од видео -снимки од Бор и Кула објавени од набљудувачката мисија на ЦРТА, кои прикажуваат изборни нерегуларности и насилни инциденти. Фото-колаж: Мета.мк. Фер употреба.

Овој текст е подготвен врз основа на известување на новинската агенција Мета.мк објавено на 29 март 2026 година, со дополнителна обработка врз основа на договорот меѓу „Глобал војсис“ и Фондацијата „Метаморфозис“.

Набљудувачите ги оценија локалните избори одржани на 29 март во Србија како сериозно нарушени и обележани со насилство, со бројни случаи на тепање, заплашување и системски неправилности кои го засенија изборниот процес. И покрај тоа, српскиот претседател Александар Вучиќ прогласи победа на владеачката коалиција предводена од Српската напредна партија (СНС) во сите 10 општини каде што се одржаа избори.

Ова не беше национален изборен циклус, бидејќи Србија применува фазен систем на локални избори. Се гласаше во Бор, Кула, Бајина Башта, Књажевац, Севојно, Кладово, Смедеревска Паланка, Аранѓеловац, Лучани и Мајданпек. Телевизијата Н1 извести дека излезноста во сите места била висока, околу 60 проценти.

Вучиќ прогласи победа

Вучиќ наведе дека најнеизвесно било во Кула и Бор, додека во повеќе други општини, како Кладово, Лучани и Смедеревска Паланка, неговата СНС остварила убедлива предност. Според неговите прелиминарни резултати, партијата освоила околу или над 50 проценти од гласовите во повеќето општини.

Во дел од општините кандидатите на СНС се соочиле со листи поврзани со студентското протестно движење, како „Студенти за Аранѓеловац“, „Обединети за Бајина Башта“ и „Глас на младите на општина Кула“. Во некои случаи студентите настапиле самостојно, а во други во коалиција со опозициски партии.

Вучиќ нагласи дека резултатите покажуваат континуирана поддршка за владата и покрај силната конкуренција во одредени средини.

Нерегуларности, заплашување и насилство

Денот на изборите го обележаа сериозни нарушувања и сцени на насилство во три од десетте места во Србија. Во Бор, Бајина Башта и Кула независните новинари и набљудувачи укажуваа на паралелни списоци и организирани напади од маскирани тепачи, меѓу кои биле забележани и функционери на владејачките партии. Ситуацијата беше особено драматична бидејќи полицијата главно не интервенираше.

Набљудувачката мисија на ЦРТА заклучи дека интензитетот на насилството во овие три општини ги засенил останатите изборни неправилности.

Во сите десет општини биле забележани и други проблеми, како водење паралелни евиденции, нарушување на тајноста на гласањето и организиран превоз на гласачи, што укажува на можно гласање под притисок, но во споредба со тепањата, влечењето оружје и ширењето страв, ваквите изборни недостатоци имаат тенденција да изгледаат „помалку“ сериозни.

Во општините Бор, Бајина Башта и Кула, граѓаните, новинарите и набљудувачите претрпеа организирани напади од маскирани бандити, меѓу кои наводно имало и функционери од владејачките партии. Ситуацијата беше особено алармантна поради фактот што полицијата во голема мера не интервенираше против сторителите. Вечерта на денот на изборите, Раша Недељков, шеф на набљудувачката мисија на CRTA, изјави:

Današnji izborni dan je u Boru obeležen sa nizom incidenata fizičkog nasilja. Možda najbolje odslikava dinamiku dana okolnost da, recimo, prvi put znam gde se u jenom mestu na kome posmatram izbore, nalazi bolnica, policijska stanica, sud. Za posmatračku misiju Crte okolnost da bazična bezbednost posmatrača, aktivista, novinara nije garantovana od strane Ministarstva unutrašnjih poslova šalje veoma ozbiljan signal. Dakle, da ono što svedočimo više nema čak ni obrise  slobode na izborima, a kamoli da pričamo o nekakvim nijansama demokratije.

Денешниот изборен ден во Бор е обележан со низа инциденти на физичко насилство. Динамиката на денот можеби најдобро ја отсликува околноста што за прв пат во едно место каде што ги набљудувам изборите знам каде се наоѓа болницата, полициската станица и судот. За набљудувачката мисија на ЦРТА околноста дека основната безбедност на набљудувачите, активистите и новинарите не е гарантирана од страна на МВР се испраќа многу сериозен сигнал. Она што го сведочиме нема ни сенка на слобода на изборите, а камо ли да зборуваме з анекакви нијанси на демократијата на денешен ден.

Тој посочи дека во повеќето места имало строга контрола врз гласањето, како и директно мешање преку списоци на „сигурни гласови на претседателот“.

Граѓанската организација Младинска иницијатива за човекови права посочи дека еден од најсериозните случаи вклучувал напад од маскирани лица вооружени со секири, кои тешко претепале двајца новинари од порталот „Револт“, Лазар Диниќ и Иван Бјелиќ, како и фотографката Зорица Поповиќ и активистот Александар Кулиќ.

Во градот Кула набљудувачката мисија на ЦРТА документираше напад на голема група маскирани „непознати лица“, кои излегувајќи од градскиот стадион со камења, штангли, стапови и факели повредиле повеќе луѓе. Жртвите со сериозни повреди на главата побарале помош во локалната болница.

„Полицијата реагираше веднаш но не изврши инспекција ниту влезе на стадионот. Неидентификуваните лица што го извршија нападот се во стадионот“, изјави Павле Димитријевиќ од ЦРТА.

Потоа се собрале граѓани незадоволни од реакцијата на полицијата, а во текот на денот биле регистрирани и други инциденти.

Снимки од лице место покажуваат дека во дел од инцидентите за заплашување во Бор и Аранѓеловац учествувале моторџии од рускиот клуб „Ноќни волци“. Полицијата им дозволила на моторџиите возење со регистрации маскирани со црна лента:

На Плоштадот на слободата во Аранѓеловац, голем број моторџии од групата „Ноќни волци“, поврзани со криминалот и режимот, беа присутни, без регистарски таблички или со покриени таблички. Тие влегоа во кафулето „Харизма“, чиј сопственик е домаќин на групи на СНС, додека континуирано снимаа студенти и граѓани. #ElectionsAR

Во Бајина Башта биле избушени гумите на возила на набљудувачите, а имало и улично насилство и уништување на автомобил. Снимките од еден од инцидентите покажуваат напаѓачи вооружени со палки и неидентификуван маж кој носи пиштол.

Во Бор, провладини групи кои излегле од просториите на државнит Фонд за здравствено осигурување нападнале студенти и други граѓани, меѓу кои и новинари и набљудувач на ЦРТА. При тоа на нападнатите им биле одземени мобилните телефони.

Недељков изјави дека напаѓачите му се заканувале и на полицаец со оружје додека се обидувал да ја смири ситуацијата. Додека ги напаѓале младите луѓе и набљудувачот, го навредувале полицаецот и му рекле дека „не им е гајле“ за неговите обиди.

Порталот Машина објави снимки од Књажевац на кои полицајци одбиваат да интервенираат и ги упатуваат граѓаните во станица.

Во Краљево полицијата спречила граѓани да се соочат со напаѓачите, а ТВ Нова С извести дека во Бор полицајци му ја скршиле раката на граѓанин кој го бранел својот син.

ЦРТА имаше набљудувачки мисии во сите општини со околу 300 обучени волонтери. Трошоците за логистика и гориво на организацијата беа покриени од индивидуални донации од граѓани.

По изборите, Младинската иницијатива за човекови права побара итно гонење на сите напади врз новинари, набљудувачи и граѓани, како и итна седница на собраниската комисија за внатрешни работи поради постапувањето на полицијата.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.