Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Бугарија: Против интернет прислушувањето

На 30 јануари, бугарската влада го изгласа декретот 40, со кој, меѓу другото, се дозволува службите за безбедност да собираат информации за интернет корисниците како: на кого му имаат пишано, кој се наоѓа на нивната контакт листа, кои програми на инстант пораки ги користат, кога ги користат и на кој начин ги користат. Институциите го препишаа делото на барањата на директивата 2006/24/ЕЦ, но мнозинството од интернет корисници во Бугарија го интерпретираа како напад на нивните граѓански слободи.

Граѓанската иницијатива Електронска граница објави на интернет петиција против декретот, која веќе е потпишана од 1150 луѓе, а неколку бугарски блогери поставија банер за поддршка на кампањата.

На 7 февруари, Електронската граница организираше протест пред државната агенција за информатички технологии и комуникации (ДАИТК) во Софија, главниот град на Бугарија.

„Оние кои ја менуваат слободата за сигурност, ги губат и двете.“
Фотографија од www.nabludatel.info

Според блогерот Богомил Шопов, организаторот на протестот, настанот, иако не масовен, побуди многу реакции од дневниот печат, телевизиите и радио станиците, како и од повеќе од 4000 веб страници.

На 23 февруари се одржа состанок од блогери, онлајн новинари, луѓе со свои ставови и ентузијасти за идејата на блогирање. Дискусиите беа насочени кон декретот 40. Беа поканети и службени лица, но ниеден од нив не се појави. Многу блогери објавија извештај од настанот. Нели Огнјанова, прочуен блогер и професор по медиумско право напиша на својот блог (BUL):

Нема да има соопштение за печатот од БлогКамп, но дискусијата за декетот 40 помеѓу ДАИТК и Министерството за внатрешни работи беше повеќе дискусија за постепеното губење на слободата. Оваа тема е многу важна и потребно е да се истражува темелно: губењето на слободата во мали чекори.Подетално за оваа тема: веќе постојат значителни средства за надгледување и снимање, а министерството за внатрешни работи веќе ги има техничките капацитети за следење на пораките. Декретот 40 содржи ограничувања на уставните права и секој пат кога ограничувањето на правата се појавува како тема, законодавците мора да направат оценка дали балансот помеѓу ограничувањата и сигурноста е нарушен.

Уставот наведува дека такви оценки се вршат во парламентот. Бидејќи одлуката се донесе од страна на раководителите на две владини институции, ова е доволна причина да се преиспита дектетот 40. […]

На 10 март, група од блогери, членови на Електронската граница и Фондацијата Отворен проект, поднесоа жалба до националниот обдусман, г. Гино Ганев – жалба која се однесува на нивната загриженост дека декретот работи спротивно на неколку граѓански права наведени во уставот. Девет дена подоцна, обдусманот одржа дискусија на оваа тема, која привлече дополнителни 70 луѓе (плус медиумите).

Краток извештај (BUL) од Богомил Шопов за настанот:

Вчера, се одржа корисна дискусија за кршењето на граѓанските права со декретот 40 и други регулативи. Дискусијата не беше насочена само на одредениот акт од ДАИТК и министерството за внатрешни работи, туку беше започната и дебата за тоа дали тенката граница помеѓу слободата и сигурноста е пречекорена.

Богомил Шопов, претставник од Електронската граница, зборуваше за граѓанските права, вербата во државата и институциите, стравовите на корисниците и распространетото верување дека „за да имаш слобода, мора да се има сигурност, но ова не е ни начинот ни принципот“ да се постигне. Одговорот од официјалните претставници не беше задоволувачки:

Официјалните претставници на ДАИТК понудија скица од гледиштето на агенцијата која е имплементатор, но не и креатор на декретот. Следуваа познати оправдувања – обврските кон ЕУ, директивите…

Г. Генов, советник на министерот за внатрешни работи Румен Петков, го исполни своето време со општи информации. Според Шопов, тој рекол дека тие (министерството за внатрешни работи) „се уште се обучуваат за овие прашања?!?“

Тој заклучува:

За мене, задачата за подигање на свеста за оваа тема е завршена. Сега е редот на другите задачи.

1 коментар

Приклучи и се на дискусијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.