- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Фотографии и видео од 3 дневната забрана за движење во Сиера Леоне

Категории: Супсахарска Африка, Сиера Леоне, Граѓански медиуми, Здравје

Мајкл Дуф споделува приказни на очевидци [1] од 3 дневното блокирање во Сиера Леоне кое беше воведено како мерка за борба против еболата:

Жителите на Сиера Леоне денес издишуваат со леснотија со враќањето на слободата на движење на граѓаните на главниот град и во северниот дел од државата кои беа подложени на задолжителна владина мерка за тридневно останување во своите домови.
Иако имаше судири помеѓу полицијата и жителите на „Devil Hole“, во руралната област „Freetown Western“ кои доведоа и до употреба на солзавец, за многумина оваа забрана помина мирно и тивко.