- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Дали ова е се што има да каже специјалниот пратеник на ОН во Јемен за војната во тек: „? тмноппббнпбкпб“

Категории: Среден Исток и Западна Африка, Јемен, Војни и конфликти, Граѓански медиуми, Хумор

Твитер профилот на асистентот на генералниот секретар на ОН, специјалниот пратеник на генералниот секретар за Јемен, Џамал Беномар, ја испрати следната порака пред неколку часа:

тмноппббнпбкпб

— Џамал Беномар (@Jamal_Benomar) 29 март, 2015 [1]

Адам Барон, новинар кој го покрива Јемен, забележува 13 часа од првичното објавување на твитот:

Не ми се верува дека медиумскиот тим на Џамал Беномар се уште не го избришал твитов. Можно ли е бидејќи навистина кажува се? https://t.co/F2GB5oQ1iX [2]

— Адам Барон (@adammbaron) 29 март, 2015 [3]

Screen Shot of BenOmar's Tweet still up on his account 13 hours after it was tweeted

Скриншот од твитот на Беномар се уште на неговиот профил 13 часа по објавувањето

Ова е втора реакција на Твитер на Беномар откако Саудиска Арабија започна со воздушни напади врз Јемен [4] на 26 март, кои продолжуваат и денес. Неговата прва реакција беше линкување на оваа изјава [5] дадена од генералниот секретар на Обединетите Нации Бан Ки-Мун.