Модна блогерка од дијаспората на Тринидад, Афробела, пораснала „со реге музиката и [со] љубов кон јамајканската култура“ – па зошто и требало толку долго всушност да го посети островот? Таа не е сигурна дека може да одговори на прашањето, земајќи предвид дека нејзините први импресии беа „Јамајка е неверојатно прекрасно место со уникатна култура и кујна“:
Јамајканската култура е ценета насекаде низ светот, но сосема друго е да отидете таму, да бидете таму, и да го искусите тој животен стил.
Имајќи го тоа на ум, таа ги напиша нејзините Топ 5 причини да ја посетите Јамајка. Се разбира дека нејзината листа вклучува работи како топлото време и амбиентот на популарното место за летување, заливот Монтего – но исто така и поетски се восхитува на реге музиката во државата, храната и пиењето и – не изненадувачки за моден блогер – шопингот.