Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Брачните парови во Кина се разведуваат со цел да го избегнат плаќањето на данокот на имот

Порастот на данокот на капитална добивка во Кина ги натера паровите буквално да се тркаат во поднесувањето на барање за развод со цел да го избегнат плаќањето на високата стапка данокот на продажба на вториот имот.

На 1ви март, 2013, кинеската влада донесе нови мерки на политика со цел да завладее со „државниот растечки меур на недвижнини“, вклучувајќи пораст на данокот на продажба на втор имот од 1-2 проценти на 20 проценти.

Соочени со повисокиот данок, некои парови кои поседуваат два имота спогодбено се разведуваат, така што секој од нив ќе стане сопственик на по еден од имотите. Тогаш, тие ќе можат да продадат еден од нив и ќе ја избегнат даночната стапка од 20 проценти пред да се венчаат повторно.

Благодарение на тој пораст, фразата „лажен развод“ стана постојана на кинескиот најпопуларен микроблогирачки сајт Sina Weibo. Иако правните експерти ги предупредија паровите да не се разведуваат за да го избегнат данокот, повеќето интернет корисници ја обвинуваат оваа мерка на политика. „Принудени сме да постапиме така“ потврдија веб корисниците.

Кинескиот магазин Нанду објави сторија насловена „Кинескиот стил на развод“, во која што пишува:

In Shanghai, the Civil Affairs Bureau set up a banner as a reminder, which reads: “Real estate market is risky, be cautious about getting a divorce.”

Во Шангај, Бирото за граѓански односи постави билборд на кој пишува: „Пазарот за недвижности е ризичен, биди претпазлив со разведувањето“.

若不是“东风恶”,谁愿意假离婚,这样的夫妻,大部分是刚需人群。一个逼得普通百姓离婚来避税的制度,就一定是恶政。“国五 条”出台后,因离婚排队民政局立牌提醒“楼市有风险,离婚需谨慎”,可制订政策的人又没有反思一下:“离婚几辛酸,政策须谨慎

Доколку не постоеше лошава политика, кој е спремен да глуми развод? За повеќето од паровите поседувањето на имот е задолжително. Политика која ги присилува обичните луѓе на развод со цел да го избегнат данокот мора да е лоша политика и владеење. По воведувањето на новата политика, луѓето чекаа на ред за да поднесат барање за развод, така што Бирото за граѓански односи постави билборд како потсетник: „Пазарот за недвижности е ризичен, биди претпазлив со разведувањето“. Како и да е, креаторите на политиката се одразија: „разводот е горчлив, биди предпазлив во креирањето на политиката“.

Новинарот “Zhu Xudong” коментира

假离婚打政策擦边球,是社会诚信陷落的佐证。但也警示我们出台政策要多为百姓想想,别拍脑袋,尽量减少政策漏洞,把政策的“负能量”降到最低。

Лажниот развод предизвика дупка во политиката, тоа покажува морално распаѓање на општеството. Како и да е, тоа исто така ги предупредува креирачите на политиката да размислат за обичниот народ и да пробаат да ги избегнат недостатоците во креирањето на политиката.

Некои веб корисници ги критизираа искривените вредности кои стојат позади трендот на лажни разводи. “Huangshi Haican” напиша

婚姻和房子到底哪一个才是牢不可破?现代人的爱情婚姻观究竟还有没有底线?难道在金钱面前,真的什么都是不堪一击吗?

Што е постабилно, бракот или станот? Дали постои долна граница за љубов и семејство за модерните луѓе? Дали сме навистина толку осетливи на пари?

Друг корисник “Huang Sheng” повтори:

是天朝奇观,也是一种悲哀,婚姻在房子面前微不足道!

Ова е ретка ситуација, но исто така патетична. Бракот не вреди ништо во споредба со стан.

Советникот за недвижности “Hanjia Gaoxianlin” додаде:

在当下中国人的心里,赚钱比婚姻、老婆和家庭更重要。这奇葩价值观绝对可以在人类历史上留下奇特的一页!

За модерните Кинези, создавањето на пари е позначајно од бракот или семејството. Искривениот приоритет дефинитивно ќе остави чуден белег во историјата на човештвото.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.