- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Бугарија: „Ќе победиш, капитену!“

Категории: Источна и Централна Европа, Бугарија, Граѓански медиуми, Здравје, Спорт

По објавата дека на познатиот бугарски фудбалер Стилијан Петров [1] (игра за англискиот тим Астон Вила [2] и е тековен капитен на бугарската репрезентација) му бил дијагностицирана акутна леукемија, корисниците на Интернет создадоа група на Фејсбук [3] (на бугарски) за да искажат морална поддршка: „Ќе победиш, капитену, целата земја е со тебе“ пишува на банерот. Групата собра повеќе од 14.000 „лајкови“ во неколкуте часови по основањето, како и многубројни охрабрувачки пораки.