- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Вода: Интернационален видео-натпревар One Take

Категории: Источна Азија, Јужна Азија, Латинска Америка, Среден Исток и Западна Африка, Боливија, Индија, Кина, Турција, Дигитален активизам, Уметност и култура, Филм, Човекови права

„Дали пристапот до чиста, безбедна за пиење вода е основно човеково право? Зошто? Или зошто не?“

Ова е прашањето, кое One Take [1] ве прашува и треба да го одговорите на својот јазик, снимајќи видео не подолго од 2 минути, да го поставите на нивниот сајт и на DotSub и да го титлувате на барем уште еден јазик. Овој месец, светските лидери се сретнаа во Истанбул, Турција на Светскиот самит за вода [2] за да ја имаат оваа дискусија [3] и иако некои од нив веруваат дека водата треба да биде основна потреба, а не право, некои земји, вклучувајќи ги и САД, Кина и Канада, не веруваат дека треба да биде признаена како основно човеково право. Ова е нашата шанса да покажеме во што ние веруваме за ова прашање и да направиме да се слушне нашиот глас.

Вашето видео ќе може да го поставите од 15 април до 15 јуни и ќе биде дозволено поставување само едно видео по човек, со можност за освојување на една од трите награди од 500 долари за прво место, 300 долари за второ место и 300 долари за видеото со најмногу преводи на други јазици. Целосна листа со правилата за натпреварот може да се најдат тука [4]. Следново видео содржи информации за учество во натпреварот и критериумот по кој ќе бидат избрани победниците. Видеото е титлувано на неколку различни јазици со помош на DotSub [5].

Критериумот по кој ќе бидат оценувани видата е: чист звук и слика, квалитетот на текстот, начинот на пренесување на монологот на камера, пасијата и убедувањето за темата и иновација.

Следува видео кое организаторите го поставија со цел да се прикаже типот на видео кое тие го бараат:

Доколку сакате да бидете информирани за теми поврзани со водата, блогот „The World’s Water [6]“ го предложува документарецот Flow (Тек) од Ирена Салина. Трејлерот може да го видите тука [7]. Документарецот користи примери од Индија, Боливија, европските држави и САД за да ја пренесе пораката: ако на секој човек му е потребна вода за да преживее (сепак ние сме составени од 75% течности), зошто чистата вода е оставена на оние кои можат да ја платат, а не на оние на кои им е потребна?

DotSub е заедница за преведување и титлување. Секој може да додаде преводи на видеа и можете да преведете други видеа ако сакате. Се што треба да направите за да почнете е да поставите видео со транскрипција на вашиот јазик и тогаш да побарате од другите да го постават нивниот превод на сајтот. Завршените преводи автоматски ќе се појават во видеото. Но, за овој натпревар, покрај транскрипцијата вие ќе мора да поставите и превод на уште еден јазик. Доколку учествувате на натпреварот, оставете коментар и ние ќе го погледнеме видеото!