- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Виртуелен хор: Технологија, соработка и музика

Категории: Латинска Америка, Аргентина, Нов Зеланд, Сингапур, Филипини, Шпанија, Идеи, Музика, Уметност и култура

Фотографија од karenthephotog, CC-By

Фотографија од karenthephotog, CC-By


Композиторот Ерик Витејкр
, откако на YouTube виде едно видео на еден млад сопран кој ја пееше својата песна „Sleep”, почна да се запрашува: што ако би можел да најде луѓе, без разлика каде и да се наоѓаат низ светот, кои ќе се снимаат себеси да ги пеат останатите делови од неговото вокално дело за хор? Така и направи и во продолжение можете да ги видете различните резултати од овој голем експеримент за онлајн соработка со Виртуелниот хор.

Во видеото Како е тоа направено [1], го објаснува не само процесот на последното повторување на неговиот проект, но исто така и претходните експерименти во прилагодувањето на виртуелниот хор. Во првата фаза, побара од пејачите да купат една конкретна музичка композиција и да се снимаат себеси дури пеат без инструментална придружба. Скот Хејнс, со кого се имаше сретнато само еднаш во минатото, се понуди да го продуцира делото. Еве го резултатот:

Одушевен од резултатот, реши да го направи истото уште еднаш, но овој пат ја направи композицијата да звучи уште повеќе како вистински хор:

И така, овој пат, направив сопствена диригентска снимка, ја снимив во тотална тишина, слушајќи ја во мојата глава само музиката. Потоа го гледав видеото и ја свирев диригентската снимка во делот кој е за придружба на клавир… Потоа ги понудив нотите за слободно симнување. Кога пејачите почнаа да ми ги испраќаат индивидуалните снимки, објавив „аудиција“ за солото за сопран.

Наредното видео [2] ги покажува упатствата кои Ерик Витејкр им ги објави на сите учесници. Содржат совети околу тоа како да се изведува делото, објаснувања за динамиката на снимањето и диригентската снимка каде Ерик диригира со хорот:

За виртуелниот хор, 128 луѓе, претставници од 12 различни земји меѓу кои и Аргентина, Нов Зеланд, Филипините, Сингапур и Шпанија испратија 243 снимки од хорското дело „Lux Aurumque“, за кое повторно помогна Скот Хејнс во делот на продукцијата.

Г-динот Витејкр го напиша следното за завршеното музичко дело:

Кога за прв пат го видов обработеното видео, се расплакав. Интимноста која се гледаше на сите лица, звукот на пеењето, очигледниот поетички симболизам во врска со човечноста која ја споделивме и нашата потреба да се поврзуваме; сето тоа сосема ме обзеде. И морам да кажам дека голем дел од заслугата за убавината на видеото е на Скот Хејнс, кој помина неброени саати за продукцијата и дотерувањето на видеото. (Патем речено, Скоти и јас се сретнавме во „вистинскиот свет“ само еднаш, спротивно на 99% од учесниците во Виртуелниот хор, со кои се сум се сретнал никогаш).

Да се надеваме дека Виртуелниот хор ќе продолжи да се развива и да станува поголем!