- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Закажан општински референдум за зачувување на ГТЦ

Категории: Источна и Централна Европа, Македонија, Владеење, Граѓански медиуми, Дигитален активизам, Идеи, Најважни вести, Политика, Протест

Советот на општина Центар го прифати предлогот за одржување референдум [1] за задржување на автентичниот изглед на Градскиот трговски центар (ГТЦ) во Скопје. Како што извести агенцијата Meta.mk [2], референдумот ќе се оджи на 26 април а за тој да биде успешен, треба да има 50 проценти плус еден од запишаните гласачи во општина Центар.

Одлуката е резултат на двегодишните напори да се спаси архитектонското наследство [3] од планот да се фасадира со лажен барок.

– ГТЦ бара негување, реновирање, реконструирање, а притоа да не изгуби од концептот и од функцијата. Проектот за менување на изгледот на ГТЦ значи нагрдување на суштитната на објектот. Мора инвеститорот што ќе го реконструира објектот да ја знае суштината и што ГТЦ значи за граѓаните. Немаме ништо против реконструкција на ГТЦ, но притоа мора да се задржи неговата автентичност затоа што објектот претставува културно наследство –  рече Даница Павловска од Асоцијација на архитекти.

Таа додаде дека референдумот е најдемократскиот начин за решавање на проблемите на граѓаните и е нешто што му овозможува на граѓанинот да биде свесен за својата моќ.

Активистичката кампања продолжува со цел да се осигури доволна излезност на референдумот, преку хаштаговите  #ГоСакамГТЦ [4] и #ГТЦ [5].