Закажан општински референдум за зачувување на ГТЦ

Советот на општина Центар го прифати предлогот за одржување референдум за задржување на автентичниот изглед на Градскиот трговски центар (ГТЦ) во Скопје. Како што извести агенцијата Meta.mk, референдумот ќе се оджи на 26 април а за тој да биде успешен, треба да има 50 проценти плус еден од запишаните гласачи во општина Центар.

Одлуката е резултат на двегодишните напори да се спаси архитектонското наследство од планот да се фасадира со лажен барок.

– ГТЦ бара негување, реновирање, реконструирање, а притоа да не изгуби од концептот и од функцијата. Проектот за менување на изгледот на ГТЦ значи нагрдување на суштитната на објектот. Мора инвеститорот што ќе го реконструира објектот да ја знае суштината и што ГТЦ значи за граѓаните. Немаме ништо против реконструкција на ГТЦ, но притоа мора да се задржи неговата автентичност затоа што објектот претставува културно наследство –  рече Даница Павловска од Асоцијација на архитекти.

Таа додаде дека референдумот е најдемократскиот начин за решавање на проблемите на граѓаните и е нешто што му овозможува на граѓанинот да биде свесен за својата моќ.

Активистичката кампања продолжува со цел да се осигури доволна излезност на референдумот, преку хаштаговите  #ГоСакамГТЦ и #ГТЦ.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.