Изутрината на 30 март, еднорог носорог трчаше низ преполн пазар и во близина на болница, при што убил една 61-годишна жена и ранил неколку луѓе, во град 80 киломентри јужно од главниот град на Непал, Катманду.
Во Непал живеат 534 oд вкупно 3.000 припадници на загрозениот вид еднорог носорог. Во Националниот парк Читван, оддалечен 48 km од местото на инциденот, живеат 503 еднороги носорози.
Непал е меѓународно познат по своите напори за конзервација и иновативните методи да се спречат напади од диви животни. Паркот Читван ја одржува втората по големина популација на светско ниво на ова ранливо животно, кое може да постигне просечна тежина од 1800 до 2700 kg. Ловот го има намалено бројот на еднороги носорози скоро до ниво на истребување на почетокот на XX век. Строгите мерки за конзервација ја имаат зголемено популацијата во текот на последните неколку децении. Државата Непал игра голема улога во зачувувањето на дивиот свет. Меѓу 2011 и 2013 година, воопшто немало ловокрадство во Непал – во тој период не се убиени ниту еден тигар ниту носорог.
Непалскиот веб-сајт за вести Пахиплпост извести дека животното дивеело низ градот Хетауда, кој има околу 85 илјади жители. Носорогот прво бил забележан близу до градската болница, по што информацијата вирално се раширила преку социјалните медиуми. Локалците преку Твитер споделувале фотографии и видео-клипови со трчањето на носорогот низ пазарот пред мејнстрим-медиумите да известат за неговите авантури.
Rhino on the Run in Hetauda Video provided by Kishan Poudel from Hetauda. #WildLife @kashishds pic.twitter.com/OqTCqYUxFu
— Sahadev Poudel (@Sahadevision) March 30, 2015
Избеган носорог во Хетауда. Видео од Кишан Падел.
Кумар Паудел твитна:
Rampaging rhino terrifies residents as it runs through town in Hetauda #Nepal pic.twitter.com/eI64N5bi1u
— Kumar Paudel (@kmrpaudel) March 30, 2015
Дивеењето на носорог ги преплашува жителите, додека трча низ градот Хетауда.
Новинарот Уџвал Ачарја твитна:
An one-horned Rhino creates choas in Hetauda, Nepal appearing in densely populated area. Pics via @Sahadevision pic.twitter.com/0mb6KBzTKn
— Ujjwal Acharya (@UjjwalAcharya) March 30, 2015
Еднорог носорог создал хаос низ Хетауда, Непал, кога се појавил во густо населена област.
More photos from Twitter of Rhino in Hetauda Pics: Ardy Bajracharya via @lexlimbu, @nepal2006 & @janakdangol pic.twitter.com/7cFCNk761W
— Ujjwal Acharya (@UjjwalAcharya) March 30, 2015
Уште фотографии од Твитер за носорогот во Хетауда…
Смртоносни напади од животни во Непал се случуваат во областите кои се близу до националните паркови и резервати. Според една студија од 2008 година, 36 тигри убиле 88 луѓе меѓу 1979 и 2006 г. во близината на Националниот парк Читван.
За спречување на нападите, властите и организациите за конзервација водат кампањи за дигање на свеста во заедниците близу до резерватите. Дополнителни мерки за безбедност како соларни огради, бетонски столбови и ровови се ископани околу ранливите заедници.
Заедниците кои се лоцирани во близина на резерватите исто така одгледуваат нане, растение богато со ментол и камилица. Мирисот на овие растенија изгледа дека делува одбивно на дивите животни, па ваквите насади играат улога на заштитна ограда. Идејата за садење на овие растенија беше признаена како една од 12. најдобри иновации на светско ниво од Наградите светски предизвик на ББЦ за 2011 година (BBC’s International World Challenge Award).
Додека локалните власти, функционери од паркот и локални волонтери биле зафатени со бркање на носорогот назад кон резерватот, на социјалните медиуми се појавија шеги за неговата авантура.
Едно лице во обид да се пошегува, твитна:
होइन त्यो गैड़ालाई जान्ने भएर किन हस्पताल छिर्न पर्ने कत्ति न डाक्टर जस्तो..
— कान्छा साहुको नाति (@transcend_mee) March 30, 2015
Зошто носорогот сакал да влезе во болницата, како да е доктор.
Новинарот Крити Бују твитна:
गैँडा हेटौडा बजारमा shopping गर्न हिडेँ जस्तो छ, सब पसल बन्द गर्यो भने फर्किन्छ की?
— kriti bhuju (@kritibhuju) March 30, 2015
Изгледа дека носорогот отишол на шопинг на пазарот во Хетауда, но дали ќе се врати ако продавниците се затворени?