Венецуелците се соочуваат со уште една деликатна ситуација. Овој пат тоа е вирусот Х1Н1, пандемија на грип која, според официјалниот веб-сајт [шп] на Министерството за здравство, започна во средината на март 2011 година. Покрај оваа информација, постои и друга верзија која доаѓа од Мрежата на медицински и научни здруженија на Венецуела која информира [шп] дека првиот случај на Х1Н1 се појавил во почетокот на фебруари во покраината Гуарико.
Х1Н1 бргу се рашири и во некои други покраини во земјата, зголемувајќи го бројот од 12 [шп] на 342 [шп] случаи и 4 смртни случаи за помалку од еден месец.
Маркос Дијаз Орелана, гувернер на покраината Мерида [шп], ги прекина часовите на Универзитот на Андите како дел од превентивната мерка.
Инструкциите кои се однесуваат на вакцинацијата, обезбедени од Министерот за здравство Еугенија Садер, се доволно јасни [шп]:
En cuanto a la vacunación, advirtió que sólo está indicada la vacuna en niños y niñas de seis meses, adultos y adultas mayores de 60 años, personas con el sistema inmunológico comprometido (VIH/SIDA, cáncer, diabetes, hipertensión o problemas respiratorios) y mujeres embarazadas, “de resto no hay indicación de vacuna a la población en general”.
Со цел да се превенира [шп] грипот, таа исто така препорача:
“Debe quedarse en casa para evitar contagiar a otros, lavarse las manos frecuentemente con agua y jabón o gel antibacterial, mantener las habitaciones ventiladas y en caso de dudas, la población puede llamar al 0-800-VIGILAN (8444526).”
Од друга страна, Мрежата на медицински и научни здруженија на Венецуела тврди дека:
“La falta de vacunación oportuna causó nuevo brote de AH1N1″
На Твитер има некои реакции од граѓаните. Гералд Каприлс вели (@Gecacapri):
Me da miedo la #Ah1n1
Кармен Рамиа (@carmenramia) информира:
Casos de influenza AH1N1 se duplicaron en Caracas en 24 horas.
Мигуел Мендоза (@miguemendoza) ги охрабрува неговите следбеници на Твитер да се вакцинираат против грипот, а Мануел Моран (@manmoran) смета дека:
La vacunación contra AH1N1 debe ser masiva, todos los venezolanos tenemos el derecho a ser protegidos.
Д-р. Ригоберто Маркано (@rigotordoc) и дава политички тон на дискусијата обраќајќи и се на администрацијата на претседателот Хуго Чавез, нарекувајќи ги „режимот“.
Claro, el regimen NO vacunó cuando debió haberlo hecho en 2010 RT @UNoticias: Un gentío anda en busca de vacunas contra la #AH1N1
Гонзало Родригез (@ponchalo2012) иронично изјавува:
CASI NADA!!! Confirmados 415 casos de #AH1N1 a nivel nacional http://t.co/4Xqi2Oh via @webnotitarde
ГабО! (@gabocumarin) зборува за изјавите на претседателот Чавез во врска со Х1Н1:
el presidente @chavezcandanga dice que hay todos los insumos para la#Ah1n1 y no poseen equipo para realizar la prueba ! q #cagada
Некои граѓани превземаа мерки на претпазливост, одлучувајќи да одат во приватните аптеки за да купат вакцини со цел да избегнат да заболат од вирусот. Сепак, тие аптеки се регулирани од страна на Министерството за здравство со цел да обезбедат точна бројка. Локател, добро познат венецуелски синџир на аптеки, побара од Министерството 1500 вакцини, но доби само 29, додавајќи ги на листа за чекање оние граѓани кои сакаат да се вакцинираат против Х1Н1. Ел Национал [шп] информираше дека „Овој понеделник, 28 март, Министерот за здравство, Еугенија Садер информираше дека нова тројна вакцина против Х1Н1 ќе пристигне во Венецуела до крајот на оваа недела.”
И покрај вистинските причини за епидемијата и препораките од одговорните за здравство, венецуелците имаат одговорност самите да превземат мерки за превенција, иако трошоците за преглед и вакцинација во приватните болници претставуваат дополнителен трошок за нивната фамилија или личен буџет.
Во недела, 27 март, претседателот Чавез на неговото шоу „Aló Presidente” потврди дека: „веќе имаме 382 [шп] случаи на грипот Х1Н1.”
На 28 март, Венецуела се разбуди со 415 [шп] “потврдени” случаи.