Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Египет: Такси возач пронашол сопственик на изгубен фотоапарат преку Фејсбук

Што ќе сторите доколку пронајдете фотоапарат и сакате да го вратите на сопственикот? Такси возач од Египет решил да го стори тоа на египетски начин и да го искористи интернетот- со брзи резултати.

Такси возачот, Адбел Хамид Тауфиг, замолил пријател да објави на интернет дел од сликите што биле на фотоапаратоот. Пријателот, Мостафа, ја раскажува приказната:

فى البداية لما “عبد الحميد” سائق التاكسى أستعان بيا وطلب منى أنى أنشر صور “السائح التى تظهر على الكاميرا على النت” قررت أتواصل وأطلب من الصفحات اللى أعضائها كتير المساعدة وبالفعل الصفحات ساعدتنى وشجعتنى جدا ودعمت الموضوع ونشرت صور “ماركوس” على صفحاتها […]بعد كده بعت رسالة لشخص زميل هو اللى قالى أعملى صفحة على الفيس بوك خاصة بالموضوع . وبالفعل عملت الصفحة وأبتديت أدعى الناس والصفحات اللى مذكور أسمها فوق هى كمان شاركتنا فى دعوة أعضائها إلى الأنضمام لصفحتنا، الصفحة أتعملت كان من أهدافها أولا :رجوع الأمانة لصاحبها / ثانيا: رجوعها عن طريق شعب مصرى والمصريين وماكنتش بفكر ابدا أنى أبعتها لسفارة وهى اللى تتعامل مع الموضوع كانت بتمنى أننا اللى ننادى عليها ونبحث عنه ونقوله بنفسنا ونفاجئه ولله بجد كان عندى أمل بس مش بالسرعة دى خالص قلت هنأعد نبحث شهور
ثالثا: تحسين الصورة الذهنية لمصر والمصريين بالخارج الأمانة لازم ترجع لأىحد مهما كانت جنسيته وكان لازم نحاول الوصول لمالك الكاميرا واللى زادنى حماسة أكتر أنه مش مصرى قولت أحنا سمعتنا بتبقى مش كويسة فى الخارج وبعض التجار المصريين بيستغلوا السياح وده شىء بيأثر علينا كلنا
رابعا: الهدف الأقوى أننا نوصل الصفحة دى لكل الناس أحنا مجرد بنبتدى ومعانا ثقة الحمد لله. لازم الناس تعرف أن مصر أمنة وبلد الأمان بالشعب […]خامسا: مصر مش تخلف ولا بلطجة ولا سلبية وعشوائية ( مصر هى عبد الحميد واللى زيه والوحش عمره ما هيغطى على الحلو فينا(
На почетокот кога Адбел Хамид, такси возачот, ме замоли да ги објавам на интернет сликите на туристот кои беа на фотоапаратот, решив да стапам во контакт со многуте страни на кои сум член и од нив да побарам помош и навистина многу од страните ми помогнаа и ме охрабрија, а воедно и го поддржаа случајот. Ги објавив сликите на Маркус на нивните страни. […] Потоа пратив порака на колега кој ми предложи да направам група на Фејсбук на таа тема. Направив група [наречена Цел Египет го бара овој човек] и започнав да поканувам луѓе, a и страните кои ги контактирав исто така ги покануваа нивните членови да се придружат на групата. Целите на групата што ја направив беа:

1. Да го вратам изгубеното на сопственикот

2. Да го вратам на египетски начин (ни во еден момент не помислив да го пратам во амбасадата за тие да се справат со тоа); се надевав дека ние што се јавувавме и што пребарувавме случајно ќе го најдеме сопственикот, но не толку брзо како што се случи, мислев дека тоа ќе ни одземе неколку месеци.

3. Да ја подобрам сликата за Египет и Египќаните кои живеат во странство; изгубената сопственост мора да се врати на сопственикот, без разлика на неговата националност и ние моравме да се потрудиме да го најдеме сопственикот на фотоапаратот. Работата што најмногу нè мотивираше беше тоа што тој не беше Египќанец. Нашата репутација во странство не е добра; некои египетски дуќанџии ги експлоатираат туристите и тоа влијае на сите нас.

4. Најголемата цел беше оваа група да стигне до сите; ние сме на почетокот и имаме самодоверба. Сите треба да знаат дека Египет е безбеден за луѓе. […]

5. Египет не е наопаку, не е полн со криминалци и хаос, Египет е Адбел Хамид и таквите како него и лошите нешта никогаш нема да ги надминат добрите нешта кај нас.

Marcus Abdullah Bregenzer

Маркус Адбулах Брегенцер, од Фејсбук групата, Цел Египет го бара овој човек

Само саат и три минути по креирањето на групата, Мохамед Абу Седа објави дека го познава човекот од сликата, човек од Швајцарија по име Маркус. Мохамед стапи во контакт со Монцер Мохамед Рашад, пријател на Маркус од Швајцарија и малку потоа, Монцер објавил слика од него и Маркус, сликани заедно. Подоцна тие направија и видео во кое ја раскажуваат приказната во целост (Монцер започнува на арапски, а Маркус, уште познат и како Абдулах, продолжува на англиски):

Групата на Фејсбук сè уште привлекува следбеници и се искористи како промоција на Египет како безбедна туристичка дестинација. Како што Монцер рече во написот:

مصر امبارح نجحت في إمتحان الديموقراطية والنهاردة في إمتحان الأمانة
Вчера Египет се покажа одлично на тестот за демократија, денес на тестот за безбедност.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.