- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Бугарија: Дебата за исламот

Категории: Бугарија, Дигитален активизам, Етничка припадност и раса, Младина, Политика, Религија

На 26 февруари, околу 40 луѓе присуствуваа на дебатата со наслов „Исламот како закана – повторно во мода?”, која се одржа во Центарот за култура и дебата „Црвена куќа” [1]во главниот град на Бугарија, Софија. Меѓу луѓето кои говореа беше Салех Брех, психолог на Универзитетот во Дамаск, Владимир Чуков, специјалист по исламска религија и Нидал Хлајуф, студент по филмска режија.

Околу еден милион муслимани живеат во Бугарија [2] (чија вкупна популација е околу 8 милиони луѓе). Многу луѓе имаат претстава за исламот, затоа што има муслиманско население во земјата со векови. Но, постојат политички партии, кои создаваат проблеми меѓу христијаните и муслиманите: национализмот во последните години стана посилен и поагресивен, а некои луѓе веруваат дека исламот е опасен. Ете зошто ваква дебата која се одржа во Софија [3](бугарски) е значајна за општеството. Нејзината цел беше да се дискутира дали исламот претставува опасност за Европа. Меѓу другите, на дискусијата присуствуваа и припадниците на бугарската националистичка партија [4]; според нив, исламот е опасен и е инструмент на турските интереси. (ова е линк до натписот на Владимир Чуков за „Бугарскиот етнички модел.” [5] )

Пост на оваа тема се појави на Муслимански и Американски филм (http://muslim-cinema.blogspot.com [6]), блог на бугарски јазик за стереотипното портретирањето на муслиманите во филмовите, администриран од Хлајуф Нидал, кој има напишано докторска дисертација по филмска режија во Софија. Следат извадоци од овој пост [7] (бугарски):

[…] Публиката составена главно од бугарски државјани, некои постари, но имаше и многу млади луѓе […]

Професорот Чуков ги истакна двата основни шаблона за имиграција – англо-саксонски, кој е полиберален во своето гледиште, и француски – порестриктивен кон малцинствата. […] На наше изненадување, излезе дека Данска веќе дозволила создавање на муслиманска партија [видите го овој пост на блогот Исламот во Европа] [8]. […]

Руслан Трад презентираше слајд-проект со листа на блогови во арапскиот и исламскиот свет, кои имаат забранети информации за покривање на настани како гонење на политичките противници во Египет [видете го овој GV пост [9] за повеќе инфо], затворени блогери [пр. Free Kareem [10] и Free Bashir El Hazem [11]), […], блогови на жени од Блискиот Исток кои се борат за повеќе права [на пример, www.feministcollective.com [12]]. Целта беше да и се покаже на јавноста дека […] исламскиот свет не е инертна маса, но е загрижен за тоа што се случува со неа и со светот, особено во однос на помладата генерација. […]

Нидал Хлајуф зборуваше за филмските стереотипи. […] [Практиката] на спротиставување на исламскиот свет против Западот е толку вкоренето и тешко е да се надминат стереотипите […]. […] Дебата за тоа зошто сликата за Арапите и Муслиманите е непроменлива […]. Прво, поради се уште болните сеќавања од минатото за судирите на исламот со Западот, воена или културни; второ, затоа што САД ја наследи ориенталистичката идеја за европските доселеници; трето, од крајот на 19 век, американски мисионерски активности во исламскиот свет е во пораст.

Д-р Салех Брик од Универзитетот во Дамаск зборуваше за тоа колку е тешко прифаќањето на „поинаква” религија, поради нејзиното непознавање. [пример за швајцарската забраната за изградба на минариња [13]]: […] минарињата не се најважниот дел од верата за муслиманите и тоа не е главниот проблем со муслимански заедници.

Маја Ценова, филолог по арапски јазик од Центарот за Источни јазици и култури, [14] додаде дека „човек се плаши од она што не го знае” и дека „Западот имаше контакт со муслиманите пред да го запознае исламот.” Незнајковците се непријатели на самите себеси и на другите, како што вели една арапска поговорка.

Има некои коментари на мојот пост на блогот [15] (бугарски) за овој настан. Еден читател пишува за исламизмот и тероризмот во другите балкански држави:

Околу нас [бугарски], подобро да не ги заборавиме Босна и Косово, кои се копии на тие идеи на Балканот.

Состојбата на Косово е важна за Бугарија, бидејќи многу луѓе се плашат дека она што се случи таму и во Босна може да се случи и во Бугарија.