- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Доналд Трамп е во право: Иранците навистина си играат со оган

Категории: Среден Исток и Западна Африка, Иран, Граѓански медиуми, Меѓународни односи, Политика
[1]

Фотографот од Техеран Фатемех Бехбуди, ја фотографира прославата „Chaharshanbeh Suri“ на улиците на Техеран на 16 март, 2016. Повеќе на нејзината Инстаграм страница [2].

Прастариот ирански фестивал на огнот, познат како „Chaharshanbe Suri [3]“, докажува дека Доналд Трамп беше апсолутно во право – иако несвесно – кога го обвини Иран дека „си игра со оган“ минатиот месец.

На почетокот на февруари, претседателот на САД, Трамп, „испали“ неколку „запаливи“ твитови за Иран, кои следат по неговата извршна наредба со која им се забранува на граѓаните на Иран (меѓу другите) да патуваат во САД.

Иран си игра со оган – тие не ценат колку „добар“ беше претседателот Обама со нив. Не и јас!

Трамп ја критикуваше политиката на зближување со Иран на поранешниот претседател Барак Обама, кој постигна договор за нуклеарни оружја и отстрани неколку санкции против Иран.

Кон крајот на јануари, Иран лансираше тест-ракета [5] која помина 600 милји, наводно со цел испитување на посветеноста на претседателот Трамп кон ветувањата во нуклеарниот договор со Иран, во кој се остава простор за Иран да спроведува тестови со ракети.

Иран формално е ПРЕДУПРЕДЕН за лансирањето на балистичката ракета. Треба да е благодарен за ужасниот договор кој го имаат со САД!

На интернет, користењето на фразата „играње со оган“ од страна на Трамп, анимираше многумина запознати со „Chaharshanbe Suri“, т.е. “Персискиот фестивал на огнот,” кој Иранците традиционално го прославуваат на последната среда пред иранската нова година.

Трамп греши за тоа дека Иранците си играат со оган, „Chaharshanbe Suri“ започнува дури во март. 🔥 🇮🇷

@realDonaldTrump [8] еј мајко***чу дали си чул за chaharshanbe suri? Ние не си играме, го прескокнуваме.

Еднаш во животот ја твитна вистината! Ние СИ играме со оган! Тоа се вика Chaharshanbe Suri и е прекрасна прастара традиција.🔥 🇮🇷 https://t.co/Np6WmClBG4 [10]

Иранскиот календар започнува со почетокот на пролетта на северната хемисфера, на 21 март. Новогодишната прослава, сепак, започнува вечерта пред последната среда од годината, кога луѓето палат логорски огнови и скокаат преку пламенот, додека пуштаат огномет.

Како што славениците скокаат преку огнот, тие велат:

زردی من از تو ک سرخي تو از من

Одземи ми ја жолтата, дај ми ја твојата црвена.

Со други зборови, луѓето велат, „Отстрани ја мојата слабост и дај ми ја твојата сила“. Оваа фраза изразува надеж за среќа во новата година.

Всушност, иранците „играат со оган“ со цел да се олеснат себеси од минатогодишниот багаж, надевајќи се на свеж почеток. Со оглед на новиот режим во Вашингтон, „Chaharshanbe Suri“ веројатно ќе биде особено популарен во Иран годинава.