Нови судири во Јужна Африка поради новиот бран на имигранти

Граѓанскиот марш против ксенофобија на улицата Џепе, Јоханесбург, вон Мала Етиопија. 23 април 2015. Фото: Dyltong / CC 4.0

Јужна Африка е мета на удар на нов бран напади врз африканските имигранти. Оваа недела, во Преторија и Јоханесбгург, големи групи на луѓе извикуваа ксенофобски слогани, демолираа и палеа продавници и домови на странски државјани.

Слични настани ја зафатија земјата во 2008 и 2015 година, кога бунтовниците убија неколку луѓе и уништија голем дел туѓа сопственост.

Во петокот, полицијата употреби шок бомби и гумени куршуми за да ги избрка спротиставените групи на анти-имигранти и имигранти во главниот град, што следеше по оддржувањето на голем анти-имигрантски протест.

Демонстрантите ги обвинуваат имигрантите за високата стапка на криминал во државата, осебно кога станува збор за проституција и нелегални дроги, како и за одземање на работните позиции од Јужноафриканците. Според проценките, околу 2,2 милиони имигиранти престојуваат во Јужна Африка во моментов, којашто е една од најбараните дестинации за азилантите на континентот.

Според јужноафриканскиот претседател Јакоб Зума, Јужноафриканците не се ксенофоби, но се презаситени од криминал, вели Зума.

Интернетот го осуди последниот бран на напади врз имигрантите, додека некои корисници понудија теории зошто ксенофобијата привлекува толку многу луѓе во Јужна Африка.

Леандри Јансе ван Вуурен, се огласи на Твитер велејќи дека целата работа се сведува на неуспех на владата::

Причини за ксенофобија во Јужна Африка: недостаток на ресурси, необезбедени станбени прашања, пружање услуги, образование и работни места. Владата потфрлува.

Лола де Лола кажа дека ксенофобијата не може да ги реши социјалните пробелми на Јужна Африка:

Секое општество во овој луд свет има длабоки социјални пробелми, но ксенофобијата не е решение, ќе се срамиме. Јужна Африка, запри го ова.

„Лорд Скибабс“ рече дека криминалот нема националност:

„Борете се против криминалот, не против сограѓаните Африканции“. Kриминалот нема националност.

Абдулрахман се пожали:

Јужна Африка… не си виножито нацијата од порано!

Виножито нација“ е термин создаден во 1994 од страна на aрхиепископот Дезмонд Туту, за да ја опише пост-апертхејдна Јужна Африка. Нелсон Мандела, првиот претседател на Јужна Африка, подоцна ја популаризираше фразата.

Нагласувајќи дека протестите и насилството, воглавно ги погодија странските државјани од Африка, Амандла напиша:

„Јужна Африка им припаѓа на сите нејзини жители“ не се применува врз Африканци, но се применува врз бели странци? Сидакиве ла еМѕанси.

Самба Тиам, шеф на Бирото за економија, при aмбасадата на Сенегал во Јужна Африка, го сподели неговото лично искуство на Твитер:

Поврзувањето на имигрантите со криминал е смешно. Се соочувам со ксенофобија во Јужна Африка од првиот ден како дипломат. Сè уште се справувам!

Некои сметаат дека терминот „афрофобија“ треба да го замени „ксенофобија“:

@shewolfmo во Јужна Африка нема ксенофобија, има афрофобија. Индијците, Пакистанците и белците не се погодени од овие напади.

Друг Твитер корисник, наречен Мунјати предложи:

Во оваа фаза, можеби треба да размислиме да го отфрлиме зборот „Африка“ од Јужна Африка.

Мотсшубане повика на национална психолошка евалуација:

Јужна Африка треба да направи психолошка евалуација на нештата… нешто е погрешно во начинот на гледање на работите.

Дописникот на Ал Џезира, Хару Мутаса, ги повика новинарите да ги подучат Јужноафриканците за улогите што ги играле африканските земји за време на борбата против апертхејдот:

ксенофобија, новинарите мора да пишуваат стории за тоа како регионот помагаше на Јужна Африка за време на апертхејдот, можеби незнаењето може да стане знаење?

На Фејсбук, Роберт Шивамбу, менаџер на медиум, соработник со Amnesty International, призна:

Today is one of those days that I am ashamed to say that I am South African. #NoToXenophobia

Денеска е еден од оние денови кога се срамам што сум Јужноафриканец.

Оние што ги поддржуваат демонстрантите, ја отфрлаат етикетата „ксенофоби“. Џо Селимо, на пример, вели дека Јужноафриканците се борат против дрога и проституција, не против имиграција на странска култура:

Зошто е ксенофобија кога јужните Африканци се борат против дрога и проституција во нивната животна средина, тие се оние кои патат на крајот.

„Lemenemene“ праша дали критичарите на демонстрантите се тие што ги прифатиле ксенофобичните верувања за Јужноафриканците:

Како да се укаже на перцепцијата што многу странци ја имаат за Јужноафриканците, дека се мрзливи без да те наречат ксенофоб?

Сензо Мнквабе рече дека на Јужноафриканците, едноставно им треба простор:

@Boity не е ксенофобија секој мора да си оди кајшто се родил ни треба место во јужна африка не е ова кина ве молам

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.