- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Македонија: Издавач на независни весници најден мртов

Категории: Источна и Централна Европа, Македонија, Граѓански медиуми, Медиуми и новинарство, Најважни вести, Политика, Слобода на говор
Никола Младенов, издавач и уредник на Фокус (1964-2013)

Никола Младенов (1964-2013): „Ние сакаме општество на слободни луѓе, тие сакаат збирштина на безрбетници. И тука – нема компромис!“

Телото на Никола Младенов, издавач и уредник на независните неделник и дневен весник „Фокус“ било извлечено од кршот на неговото возило најден близу до автопатот на влез на Скопје на 27 март.

Според новинските извештаи, Младенов умрел околу 12 часа претходно, а бил пронајден преку геолокација на неговиот мобилен телефон откако семејството пријавило дека е исчзнат. Весниците на Младенов во често ја испитуваа политичката корупција и беа последните печатени медиуми во Македонија кои отворено ја критикуваа власта. Погребот е денес, а почитувачите на делото на Младенов палеа свеќи [1] на Камениот Мост во Скопје во текот на ноќта. Корисниците на социјални медиуми (#НиколаМладенов [2]) изразуваа разочарување и ја оплакуваа состојбата со слобода на говор во Македонија споделувајќи негови цитати [3], линкови до репринти на неговиот напис од 2011 година „Колку чини слободата“ [4], неговата последна колумна [5] (објавена во петокот за контроверзите пред локалните избори во недела) и изрази [6] на почит [7] од колегите.