- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Сирија: Снимки од граѓаните го прикажуваат хоророт во Дараа

Категории: Среден Исток и Западна Африка, Сирија, Војни и конфликти, Граѓански медиуми, Младина, Протест

Овој напис е дел од специјалното покривање на протестите во Сирија 2011 [1].

Како што продолжуваат протестите [2] во Дараа и се известува за сè повеќе жртви, граѓаните известуваат со снимки од градот, а потоа снимките ги прикачуваат на Јутјуб, кој неодамна беше деблокиран [3]во Сирија. Снимките, сите прикачени на 3 март 2011 година, покажуваат насилни мерки за сузбивање на Сиријците во јужниот дел од Дараа.

ВНИМАНИЕ: Некои од снимките се екстремно сликовити.

На оваа екстремно сликовита снимка [4] прикачена на Јутјуб од корисникот SHAMSNN [5], граѓаните повикуваат болничка кола откако млад маж бил најверојатно застрелан. Прво изгледа дека тројца мажи лежат на улицата, но потоа камерата се врти за да ги покаже и другите ранети. Многу истрели од пиштол се слушаат во позадина. Потоа камерата се придвижува за одблизу да се видат неколку сериозно повредени мажи.

На оваа снимка, исто така прикачена од SHAMSNN [5], граѓаните носат повреден маж, кој лежел на улицата, додека во позадина се слушаат истрели од пиштол:

На оваа растреперена снимка можат да се слушнат истрели од пиштол, додека протестантите демонстрираат на улиците; човек вика „Господ е голем!“, потоа нешто, што најверојатно е солзавец, може да се види како се пробива низ гужвата. Прикачено на Јутјуб од islam1tv [6]:

http://www.youtube.com/watch?v=iJp7lKt1I3I [7]

Оваа снимка подолу е направена за време на погребот, на 23 март, на шесте лица кои загинаа утрото, нападнати во џамијата Ал Омари [8]. Гужвата извикува, „Нема Господ, но Господ и жртвата е со Господ!“ Прикачено од Јутјуб корисникот islam1tv [6]:

http://www.youtube.com/watch?v=Xce6iCe7vhE [9]

На оваа сликовита снимка [10], може да се види големината на масакрот, тела кои лежат на улиците и стрелање на оние кои се трудат да ги поместат. Група на мажи, засолнати зад комбе, за да избегнат да бидат застрелани. Прикачени на Јутјуб од SHAMSNN [5].