Сирија: Снимки од граѓаните го прикажуваат хоророт во Дараа

Овој напис е дел од специјалното покривање на протестите во Сирија 2011.

Како што продолжуваат протестите во Дараа и се известува за сè повеќе жртви, граѓаните известуваат со снимки од градот, а потоа снимките ги прикачуваат на Јутјуб, кој неодамна беше деблокиран во Сирија. Снимките, сите прикачени на 3 март 2011 година, покажуваат насилни мерки за сузбивање на Сиријците во јужниот дел од Дараа.

ВНИМАНИЕ: Некои од снимките се екстремно сликовити.

На оваа екстремно сликовита снимка прикачена на Јутјуб од корисникот , граѓаните повикуваат болничка кола откако млад маж бил најверојатно застрелан. Прво изгледа дека тројца мажи лежат на улицата, но потоа камерата се врти за да ги покаже и другите ранети. Многу истрели од пиштол се слушаат во позадина. Потоа камерата се придвижува за одблизу да се видат неколку сериозно повредени мажи.

На оваа снимка, исто така прикачена од , граѓаните носат повреден маж, кој лежел на улицата, додека во позадина се слушаат истрели од пиштол:

На оваа растреперена снимка можат да се слушнат истрели од пиштол, додека протестантите демонстрираат на улиците; човек вика „Господ е голем!“, потоа нешто, што најверојатно е солзавец, може да се види како се пробива низ гужвата. Прикачено на Јутјуб од :

http://www.youtube.com/watch?v=iJp7lKt1I3I

Оваа снимка подолу е направена за време на погребот, на 23 март, на шесте лица кои загинаа утрото, нападнати во џамијата Ал Омари. Гужвата извикува, „Нема Господ, но Господ и жртвата е со Господ!“ Прикачено од Јутјуб корисникот :

http://www.youtube.com/watch?v=Xce6iCe7vhE

На оваа сликовита снимка, може да се види големината на масакрот, тела кои лежат на улиците и стрелање на оние кои се трудат да ги поместат. Група на мажи, засолнати зад комбе, за да избегнат да бидат застрелани. Прикачени на Јутјуб од .

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.