Како многу лидери кои повеќе или помалку одговараат на описот, на 76 годишниот претседател на Казахстан, Нурсултан Назарбајев, му е непријатно од сугестиите дека е диктатор. Во неодамнешна и обелоденувачка дискусија со лично избрани новинари во оваа држава богата со нафта, тој се наврати на омилена тема: објаснувајќи зошто, според него, азиските општества не секогаш одговараат на проблемите и предизвиците на демократијата.
Назарабјев организираше дискусија на 16 март во неговата резиденција во главниот град Астана, град од 1 милион жители кој тој го трансформираше од провинциска пустелија, и претставува град за кој сѐ е поверојатно дека ќе го снајде судбината да го носи неговото име. Според него, силна претседателска република како онаа со која тој раководи уште пред распадот на Советскиот Сојуз нуди бројни придобивки.
„Најважната работа е економската добросостојба на луѓето. Како можете да се бавите со политика на празен стомак? Сѐ уште нема политичка култура во Казахстан за развој на целосна демократија,“ тој изјави за време на дискусијата.
Не беше првпат Назарабајев да го спомне неговиот починат пријател и идол, поранешниот лидер на Сингапур, Ли Куан Ју, кој три децении беше премиер на државата. „Сите го критикуваа, нарекувајќи го диктатор, и погледнете го Сингапур сега, и каков економски просперитет има постигнато,“ рече Назарбајев.
„Усвојувањето на новиот устав во 1995 беше тоа што ми даде повеќе моќ како претседател. Тоа беше неопходен чекор со цел да се обезбеди побрз економски развој на државата, преку усвојување на побрзи реформи без консултации со јавноста или парламентот, што го забавуваше економскиот развој.“
„Но тоа не ме прави диктатор“, додава Назарабјев. „Погледнете ја Европа, традиционално отворено и демократско општество и како се справува со бегалската криза. Зошто не ги примаат бегалците? Бидејќи лидерите сфаќаат дека мора да ги имаат предвид националните интереси и интересите на вашиот народ.“
Во еден момент за време на дискусијата, која беше пренесувана на национална телевизија, Назарабјев покажа накај прозорецот зад низ кој се гледа светкавата Астана, каде милијарди од нафтен профит се инвестираат во објекти дизајнирани од интернационални архитекти.
„Погледнете низ прозорецот и видете како изгледаше Казахстан во раните 1990-ти споредено со тоа како изгледа сега“, им рече тој на новинарите.
Но има проблем со описот на Назарбајев за Казахстан: тој е фасада.
За новинари и делегати кои привремено ја посетија за време на мировните преговори за Сирија кои таму се одржаа во јануари, Астана можеби навистина делува импресивно. Но таа не е сликата за Казахстан, каде норма остануваат лошите патишта, недостатокот на училишта и широко распространета корупција. Ниту, пак, нејзините самити и изложби нудат нешто за обичните луѓе кои страдаат среде економска криза поврзана со цената на нафтата, со висока инфлација и уште повисока невработеност.
Додека Назарбајев ги истакнува своите диктаторски квалификации, опозициските активисти се принудени да ја напуштат државата бидејќи се соочуваат со прогон, незаконски судења и затвор. Во еден неодамнешен случај, блогерката Жанара Акхмент избега во Украина, која изјави дека нејзината слобода отворено да се спротивставува на сегашниот режим била ризична.
За време на неговата дискусија со новинарите, Назарабјев исто така се повика на неодамнешните уставни измени со кои се прераспределува претседателската моќ на Собранието и Владата. Но кон кој, точно, таа ќе се прераспредели?
Во говор на почетокот на месецов (погледнете го видеото подолу) во долниот дом на Собранието од страна на пратеник од доминантната партија на Назарбајев, Нур Отан, повика на именување на главниот град, аеродромот во истиот како и други важни државни симболи да се именуваат по лидерот, со што ги потикна ги бунтовничките корисници на социјалните мрежи во државата да прават споредби не со Сингапур, туку со Северна Кореа.
Изборите, во меѓувреме, се фарса. На излезност од 95.22% за едно гласање, Назарабајев победи со 97.7% од гласовите за време на длабока економоска криза, и се тие се сметаат како уште еден доказ дека политичкиот систем во Казахстан изгубил допир и со најслабата трага на реалноста.
За жал, сите најсилни извори на отпор се скршени од страна на владеењето на еден човек во Казахстан. Опозициските медиуми се потиснати во Казахстан, со фалсификувани судски случаи и тешки казни, и некои од најсилните антивладини медиуми, како весникот „Respublika“, се затворени. Независните онлајн медиуми редовно се блокирани.
Протестирањето, дури и од поединци, е главно нелегално во Казахстан, бидејќи според казахстанските закони за протест се бара дозвола од локалните власти 10 дена пред самиот протест, барање кое во поголемиот дел од случаите се одбива. Во мај 2016, беа одбиени апликации за протести низ целата држава како фрустрирачка реакција за контроверзните измени во Кодексот на земја предложени од владата, и стотици протестирачи низ државата завршија во притвор. Активистите за права Макс Бокајев и Талгат Ајан, кои имаа улога во организирањето на протестите, моментално отслужуваат петгодишна затворска казна за „поттикнување на социјален раздор“.
Во меѓувреме, претседателот Нурсултан Назарабјев, е имун на кривично гонење до остатокот на неговиот живот, и неговиот статус како Лидер на Нацијата, титула создадена во 2010, исто така му овозможува да влијае на владините политики и по пензионирањето. Помеѓу демократски избраните владатели, вакви одредби може да изгледаат малку неправилни.