- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Судан го сврте грбот на Иран, се придружи во војната на Саудиска Арабија во Јемен

Категории: Среден Исток и Западна Африка, Иран, Јемен, Саудиска Арабија, Судан, Војни и конфликти, Граѓански медиуми, Меѓународни односи, Најважни вести, Човекови права
The aftermath of Saudi-led airstrikes on Yemen today. Photograph shared by @HussainBukhaiti on Twitter [1]

Последиците од воздушните напади предводени од Саудиска Арабија во Јемен денес. Фотографија споделена од @HussainBukhaiti на Твитер

Судан ја „промени страната“ од сојузник на Иран, до војување против Хутите, иранските сојузници во Јемен.

Приклучувањето на Судан кон коалицијата предводена од Саудиска Арабија за борба против хутските бунтовници [2], кои превземеаа контрола на Санаа во јануари годинава, дојде како изненадување.

Новинарот базиран во ОАЕ – Абас Ал Лавати твиташе:

Инволвираноста на Судан во воените операции во Јемен веројатно го зацементира неговото заминување од кампот на Иран во камапот на GCC* 

*(Gulf Cooperation Counsil – Совет за соработка во Заливот)

— Абас Ал Лавати (@allawati) 26 март, 2015 [3]

Шон Ли додава:

Башир е моментално во Ријад. Се чини дека КСА го наддала Техеран: http://t.co/h0rykKXfb5 [4] #Sudan [5]

— Шон Ли (@humanprovince) 26 март, 2015 [6]

Судан се согласи да испрати копнени сили за поддршка на Саудиска Арабија во војната со Јемен, наречена Операција одлучна бура, која започна утрово. Судан исто така испрати и 3 воени авиони во воздушните напади, според националната саудиска телевизија Ал Арабија.

Суданскиот министер за одбрана вели дека Картум ќе земе учество во кампањата против Јемен со воздушни и копнени сили.

— Дина Адел (@deena_adel) 26 март, 2015 [7]

Согласноста дојде по еднодневната посета на суданскиот претседалот Омар Хасан Ал Башир, кој е баран од Меѓународниот кривичен суд (ICC) за воени злосторства и геноцид и саудискиот монарх Салман Бин Абдулазиз Ал Сауд, која се заврши денеска, според [8] Судан Трибјун.

Весникот додава:

Посетата претставуваше „одмрзнување“ на односите помеѓу двете држави кои беа тензични во минативе години поради блиските врски на Картум со Иран.

Исто така постојат извештаи од минатото дека Судан ги снабдува со оружје хутските бунтовници во име на Иран.

Судан исто така го најави затворањето на сите ирански мисии и групи во Судан. Рохола Фагхихи твиташе:

Резултатите од посетата на Омар Башир во Саудиска Арабија? / #Sudan [5] ги затвора канцелариите на сите ирански мисии и групи / виа Ал-Арабија

— Рохола Фагхихи (@FaghihiRohollah) 26 март, 2015 [9]

Башир е баран [10] од МКС, под обвиненија за извршен геноцид и воени злосторства во Дарфур. Во март 2009, МКС издаде налог за апсење на Башир. Повеќе од 300.000 луѓе беа убиени во Дарфур од започнувањето на проблемите во 2003.

Коалицијата од 10 држави вклучени во војната во Јемен се состои од Судан, Египет, Јордан, Пакистан, Мароко и сите држави во Советот за соработка во Заливот, без Оман.

Предмет на критика беа и другите држави кои се спротиставија на хутските бунтовници.

Џејн Новак, кој твита за Јемен, забележува:

Саудиска Арабија со камшикувани блогери предводат корумпирани кралеви и воени диктатори за спас од граѓанска војна и востание на неспособниот корумпиран јеменски претседател Хади

—  Џејн Новак (@JNovak_Yemen) 26 март, 2015 [11]

Индиецот Шуванкар Мукхерџе коментира:

Вау 3 монархии (Саудиска, Јордан, Мароко) и 3 анархии (Пак, Египет, Судан) го бомбардираат #Yemen [12] од небото .. Се за мир и демократија ..

— Шуванкар Мукхерџе (@shuvankr) 26 март, 2015 [13]

Либанскиот блогер Абир Абир саркастично дофрли:

Да секако, да веруваме на водството на Саудиска Арабија, се покажа дека е толку проклето искрено и ефективно низ годиниве #Yemen [12]

— Абир Абир (@AbirGhattas) 26 март, 2015 [14]

Продолжете да не следите за повеќе стории околу ситацијата во Јемен.