- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Куба: Блокирање на блогерите

Категории: Популарен напис, Латинска Америка, Куба, Граѓански медиуми, Дигитален активизам, Медиуми и новинарство, Миграција и имиграција, Политика, Слобода на говор, Технологија, Човекови права

Сакате да ја натерате кубанската блогосфера да пишува? Забранете го пристапот до популарен блог. Откако кубанските власти оваа недела го направија токму тоа на неколку неподдржувачки блогови, наклонети на Хавана, блогерската дијаспора комплетно ги поддржа кубанските блогери – особено Јоани Санчез и нејзиниот популарен блог [1] Генерација Y [2], кој според овој пост [3] изгледа како главна мета.

Ел Диарио де ла Резистенциа II [4] и Куба Фајл [5] цитираат од сторијата од Ројтерс [6]:

Санчез, чиј критичен блог Генарација Y привлече 1.2 милиони посети во февруари, вели дека Кубанците нема да можат повеќе да го посетуваат нејзиниот веб сајт (http://www.desdecuba.com/generaciony/) и на два други домашни блогери, поставени на сервер во Германија.

Се што можат да погледнат е порака „Грешка во преземањето“

Кубанскиот триаголник [7] сепак, во контакт со пријатели од Куба, известува дека „сајтовите беа блокирани, а потоа ‘спор пристап’ беше дозволен.“ Но овој ‘спор пристап’ не го промени мислењето на Ел Кафе Кубано [8], кој го споредува режимот на Раул Кастро со апартхејд [9]:

Медиумите и некои блогери го величаат како тој да е некој тип на светец или катализатор за СЛОБОДА. ЛУЃЕ, тој го користи кинескиот модел! Ау компјутерите се сега на располагање, но никој не може да си дозволи, а сега како што гледате и интернетот е ограничен.

Блогот за Куба [10] додава:

Што ќе прават Кубанците со сите тие нови компјутери? Една работа е сигурна, нема да ги читаат кубанските блогови кои што се противат. Раул реформаторот останува Раул угнетувачот.

Хрониката Плава Ѕвезда [11] воопшто не е изненадена, но признава дека е малку збунета:

Нели прогресивците (ака комунисти) од вашата земја едноставно ја сакаат моменталната форма на влада на Куба? Постојано слушам како е подобра во однос на нашата. Постојано слушам како тие имаат подобар систем за здравствено осигурување итн. Секако, луѓето кои го велат тоа скоро секогаш се исклучително богати либерали, кои не мора да живеат под ограничување на ништожен диктатор. Немам видено некој од нив да се пресели таму.

Тим Ворстал го повторува своето чувство во овој пост [12], додека TonyTeri.com [13] признава дека „потребна е огромна храброст (од Санчез) за пишување на темите кои таа го опфаќа. Таа всушност мора да талка за да блогира во Куба низ хотели или други области со интернет пристап вообичаено резервиран за странци.“ Оваа работа ја истакнува 1Клик2Куба [14]:

Блогирањето во Куба може да ти предизвика огромни проблеми (превод: затвор), но оваа закана не ги сопре илјадниците блогери од островот кои беа решени да ја пренесат својата порака. Во последно време, кубанските блогери се облекуваат како туристи, го преправаат акцентот и тајно го користат хотелскиот интернет пристап (пристапот во хотелите не им е дозволен на Кубанците по потекло). Откако е внатре во хотелот, Јоани Санчез мора да пишува брзо. Не само поради стравот да не биде фатена, туку поради тоа што онлајн пристапот е претерано скап. Час онлајн чини околу $6, што е еквивалентно на половина од просечната месечната заработка на Кубанец. Независните блогери како Санчез мора да ги градат своите сајтови на сервери надвор од Куба и поради тоа имаат повеќе читатели надвор од Куба отколку внатре.

Читателите всушност доаѓаат од другите карипски територии [15] и Деца на Револуцијата [16] забележуваат дека „обидот за ефективно исклучување на некогашниот критичен блог доби широка покриеност во интернационалните медиуми, во различни пазари како Сончевиот Чувар и лондонскиот дневен весник Чуварот.“

Јеферсон Ливс [17] објавува внимателна перспектива на ситуацијата, велејќи:

Од секогаш сум го сметал фасцинантен фактот дека секоја земја може да има свои закони што се однесуваат кон нешто што се претпоставува дека е Глобална мрежа. Меѓутоа многу е тешко да се регулира нешто на глобално ниво. Сепак, слободата и корисни информации постојано се прекршуваат со ограничување на слободата на печатот и слободата за објавување на глобално ниво. Со ова се појавува следново прашање, во арена без граници, дали Куба ги прекршува основните права на граѓаните во УС со ограничување на веб сајтовите за сите или само за своите граѓани?

…додека Несовесен Разум [18] прашува:

Барате едноставен начин да се спротивставите на кубанското диктаторство?
Посетете го најпопуларниот блог Генерација Y