- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Онлајн курсевите Курсера блокирани во Сирија, Иран и Куба од страна на американските санкции [Новости]

Категории: Среден Исток и Западна Африка, Иран, Куба, Сирија, Судан, Граѓански медиуми, Медиуми и новинарство, Меѓународни односи, Најважни вести, Образование

НОВОСТ (30 јануари 2014): Вчера, Курсера на нивниот веб-сајт објави вести [1] за достапноста во санкционираните земји. Додека услугите на Курсера во Куба, Иран и Судан остануваат блокирани, пристапот на корисниците од Сирија им е вратен поради исклучок кој „овозможува одредени услуги да останат како поддршка на активностите невладините организации во Сирија, особено ако тие се однесуваат на подобрување на пристапот до образование“. 

Погодена од американските санкции, платформата за онлајн учење Курсера [2] повеќе не е достапна за студентите од Сирија, Судан, Иран и Куба. Оние засегнатите беа изненадени кога ја добија пораката на нивните екрани во моментот штом се обидоа да пристапат до нивните курсеви:

Нашиот систем покажува дека се обидувате да пристапите кон Курсера од IP адреса која доаѓа од земја која моментално е предмет на економски и трговски санкции во САД. Со цел Курсера да се придржува до контролите за извоз на САД, не можеме да ви дозволиме да пристапите до веб-сајтот. 

Иранскиот студент Навид Солтани веднаш го изрази своето незадоволство на Фејсбук страницата на Курсера: 

2014-01-29 01_41_59-Navid Soltani - Photos of Coursera

Доколку верувате во „Веруваме дека образованието е човеково право. Мисијата на Курсера е да го поврзе светот со одлично образование и да им овозможи на луѓето да учат без ограничувања.“, тогаш што е ова?

Мојата земја е блокирана!!!!?

Блогерката Леила Начавати ги сподели нејзините мисли:

Ако @coursera верува во својата сопствена мисија како некој кој носи промени во животите на луѓето преку образование, тогаш треба да се погрижи да биде вратен пристап до нивниот веб-сајт во #Сирија.

— Леила Начавати Рего (@leila_na) 28 јануари, 2014

Сирискиот блогер и програмер Анас Маарави ги критикуваше САД на неговиот блог [6]:

وبين مطرقة النظام السوري الذي يحجب مئات مواقع الإنترنت، وسندان “العقوبات الأمريكية” يزداد الخناق على الشباب السوري الراغب بالتعلّم، أو بالأحرى من تبقى من الشباب السوري القادر على الوصول إلى ما تبقى من الإنترنت في سوريا.

Помеѓу цензурата наметната од режимот, која вклучува блокирање на стотици интернет страници, и ефектот на американските санкции, постана речиси невозможно за преостанатата младина во земјата да има пристап до онлајн учење.

Главниот и одговорен уредник на Wamda [7], Нина Курлеј, беше попрагматична во нејзиниот пристап и праша дали тоа беше неизбежно:

Дали ова беше неизбежно? Потребно е ново решение. Платформата за онлајн образование Курсера ги блокираше студентите во Сирија и Иран: http://t.co/LPizvB61mL

— Нина Курлеј (@9aa) 27 јануари, 2014

Сепак, еден од професорите на Курсера, Ролф Стром Олсен, не може да разбере зошто и не-Американците се погодени: