- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Иранскиот претседател вели „Чавес ќе се врати со Исус“

Категории: Латинска Америка, Среден Исток и Западна Африка, Венецуела, Иран, Владеење, Граѓански медиуми, Меѓународни односи, Религија

Претседателот Ахмадинеџад, во својата порака за сочувство за лидерот на Венецуела, Хуго Чавес [1], што беше објавена на неговата официјална веб-страница, го наведе [2] претседателот Чавес како „Маченик на служба за народот на Венецуела, кој умре под сомнителни околности.“ Ахмадинеџад додаде, „Не се сомневам дека Чавес ќе се врати со Исус Христос и со сите други праведници“, мислејќи на Скриениот Имам [3], кои некои во исламот сметаат дека ќе биде идниот спасител на човештвото.

Ахмадинеџад беше критикуван за оваа порака [4]и од нетизените и од Ахмад Катами, водечки конзервативен политичар на режимот.

Дамавандие пишува [5]:

Иранската младина беше убивана, земјотрес ја погоди азербејџанската провинција, луѓе кои ѝ служеа на оваа земја умреа, но владата не прогласи национален ден на жалост, дури ни кога Иранците жалеа. Сега Чавес почина… и наеднаш владата прогласува ден на жалост. Само што почина, Иранците почнаа да си праќаат смс-пораки меѓу себе, шегувајќи се за него

Ahmadinejad presents Chavez as a Shi'ite Saint. Mana Neyestani in Roozonline [6]

Ахмадинеџад го претставува Чавес како шиитски светец. Мана Нејестани за Roozonline (користено со дозвола)

Азади ги цитира иранските медиуми кои велат дека Ахмадинеџад му се јавил на венецуелскиот потпретседател пред еден месец и рекол [7] дека се моли на Господ за здравјето на Чавес. Блогерот со иронија вели дека надежно Ахмадинеџад ја изговара истата молитва за Али Каменеи [врховниот лидер на Исламската Република].

Азармер цитираше [2]еден дел од пораката на Ахмадинеџад за смртта на Чавес и објави неколку фотографии од починатиот венецуелски претседател заедно со Садам Хусеин, поранешниот ирачки диктатор и голем непријател на Иран и Мохамад Катами, поранешниот реформистички претседател.

Challenger објави [8] фотографии од Чавес како игра со две секси танчерки и прашува дали и тие две ќе се вратат заедно со Христос и со Скриениот Имам.

Tweatter пишува [9] дека се надева дека Чавес нема да чека премногу долго за да се врати.

1376 executions вели [10]:

Ако еден ден Иран и Италија би развиле силни односи, иранската влада би го рекла истото за поранешниот италијански премиер, Силвио Берлускони, дека овој женкар ќе се врати со Христос.