Македонска новинарка опишува какво е чувството да си предмет на државно прислушување

Познатата истражувачка новинарка Мери Јордановска напиша сведоштво за нејзиното искуство со добивањето докази дека таа е една од наводните над дваесет илјади лица кои биле предмет на прислушување од страна на државата во Македонија. Во напис на Балкан Инсајт, Јордановска објасни: 

Meri Jordanovska. Photo: Prizma Project. Used with permission.

Мери Јордановска. Фото: БИРН, Проект Призма. Употребено со дозвола.

Секој извештај од моите телефонски разговори што ги добив во таа папка беа точни. Датумот, сторијата што сум ја подготвувала, изворот со кој сум се брифирала. Содржината е точна. И не знам дали ќе добијам нова папка. Мислам дека оваа ми беше доволна за да знам што всушност се случува.

Сосема доволно за да знам дека некој однапред знаел за што ќе пишувам. Сосема доволно за со тоа да биде загрозени моите извори на информации. Сосема доволно за центарот да може да се обиде „превентивно“ да делува за одредена сторија да не излезе во јавност. Доволно за да станам свесна, иако секогаш претпоставував, дека некои лица ги знаат проблемите на моите најблиски кои решиле да ги споделат со мене на телефон.

Јордановска добила папка со нејзини прислушувани разговори на прес конференција на опозициската партија СДСМ, при што претставници на партијата објавија дека имало масовно прислушување на новинари во Македонија. Покрај објавување на неколку од прислушуваните разговори како доказ, на дваесет новинари им беа дадени папки со ЦД-а со снимени датотеки од нивни разговори, доставени од извори во Министерството за внатрешни работи.

Текстот на Јордановска е достапен и на македонски, верзија која ја реобјавија неколку независни портали, како Мојот град.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев тврди дека државните сигурносни служби прислушувале над дваесет илјади луѓе, преку нелегално снимање и складирање на нивни телефонски разговори во тек на најмалку четири години. Неговата партија уште нема објавено список на сите жртви на оваа операција, ниту пак список на сите прислушувани телефонски броеви. Според претставниците на СДСМ, прислушувани биле и граѓани на Македонија и странски државјани кои ги користеле локалните телекомуникациски услуги, вклучително и дипломати.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.