Како е да се биде студент на Домородниот универзитет во Венецуела [1]? Тројца студенти од департманот на еду-комуникација неодамна учествуваа во работилница предводена од Rising Voices [2] со цел да научат како да сликаат подобри дигитални фотографии и како да ги постават и споделат на интернет.
Овие тројца студенти се дел од напорот да се покаже овој универзитет дизајниран да им овозможи меѓукултурна и експериментална форма на образование на студентите од венецуелските домородни заедници. Со пристапување на сателитската врска на универзитетот, која беше овозможена од владината програма наречена Infocentros [3], студентите можат да пристапат на интернет за да споделат фотографии од активности, учичници и прекрасната природа која го опкружува кампусот од 2000 хектари лоциран во државата Боливар.
За да прочитате повеќе за универзитетот и работилницата одржана во февруари 2013, ве молам прочитајте го написот на блогот Rising Voices [4].
Ова се некои од фотографиите сликани од студентите и поставени на универзитетската сметка на Фликр [5]. Кликнете на фотографијата за да ја погледнете оригиналната фотографија.
Повеќе фотогорафии може да најдете тука [13].