Историјата на Африка е богата но често слабо документирана. За да се пополнат овие јазови во Мадагаскар, граѓанското општество започна проект со кој дигитално ги архивира историските моменти.
Со истата желба да се оддаде признание и да се архивира историјата на Мадагаскар, две страници на Фејсбук архивираат стари слики од градовите и народот на Мадагаскар: Madagascar Hier (Вчерашниот Мадагаскар) и Il était une fois Madagascar (Еднаш многу одамна во Мадагаскар).
Еве неколку од фотографиите објавени на овие страници кои не само што допираат не толку далечно минато, но исто така побудуваат носталгија за поедноставно време, кога сиромаштијата и тешкотиите на секојдневниот живот се чинеа помалку очигледни. За да погледнете повеќе фотографии, посетете ја страницата на Фејсбук на архивата.
Архивски фотографии од Антананариво, главниот град
Градината на Андохало

Градината на Андохало во Антананариво виа Madagascar Hier
Универзитетот Анкатсо
Уличниот пазар Зома
Архивски фотографии од градот на источниот брег, Тоамасина
Млади Бетсимисарака девојки
Архивска фотографија на градот од западниот брег Махајанга
Архивски фотографии од градот Фианарантсоа во јужен Мадагаскар
Танчери Антандрој, јужен Мадагаскар
Архивски фотографии од градот Антсиранана, северен Мадагаскар
Кап Диего
Слики од колонијалната војна во 1895 во Мадагаскар
Овие две иницијативи, како и други проекти кои се стремат да ја зачуваат историјата на Мадагаскар, се вредни да се споменат. Читателите на овие страници, исто така, обезбедуваат фотографии од други региони.