- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Иран: Иранците го одбележаа празникот под надзор

Категории: Среден Исток и Западна Африка, Иран, Владеење, Дигитален активизам, Историја, Политика, Протест

Иранците го означија [1], Чаршанбе Сури (Charshanbeh Soori [2]), празник кој води до персиската нова година, под будното око на полицијата за спречување безредија во вторникот вечерта, откако ајатолахот Али Хаменеи лидерот на Исламската Република ги обесхрабри прославите. Чаршанбе Сури е вовед во Новруз [3], персиската Нова Година која започнува на 21 март и го одбележува доаѓањето на пролетта.

Иранците го прославија [4] фестивалот, преку палење огнови и скокајќи преку пламените како чин кој симболизира надеж за среќа во новата година.

Неколку граѓани го снимија и објавија овој настан, каде што во некои случаи се пееле политички слогани против иранскиот режим. Во други случаи луѓето прославиле само со играње.

Полицијата се соочува со луѓе во Хафт Хоз областа во Техеран

Народна песна против ајатолахот Хаменеи во северниот град Рашт

Танцување во Бандер Анзали во северниот дел на Иран