- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Хрватските граѓани и бизниси искажуваат поддршка за Украина на различни начини

Категории: Источна и Централна Европа, Белорусија, Русија, Украина, Хрватска, Војни и конфликти, Граѓански медиуми, Економија и бизнис, Идеи, Протест, Russia invades Ukraine
[1]

Протест за поддршка на Украина во Загреб, 18.03.2022 г. Фото: Meta.mk [2], CC BY-NC 2.5 [3].

Оваа сторија е беше првобитно објавена [4] од Мета.мк. Ревидирана верзија е објавена овде благодарение на договорот за споделување содржини меѓу „Глобал војсис“ и Фондацијата „Метаморфозис“.

Неколку десетици граѓани, повеќето родители со деца, во саботата на главниот загребски плоштад „Бан Јелачиќ“ одржаа антивоен протест, искажувајќи поддршка за борбата за слобода на Украина под мотото #StandWithUkraine (Застанете со Украина).

На протестот, организаторите прочитаа соопштение за тековните случувања во Украина, истакнувајќи ги воените злосторства причинети од руските агресори и искажуваа загриженост за безбедноста на роднините, особено за оние кои се под опсада во пристанишниот украински град Мариупол [5].

[6]

Протест за поддршка на Украина во Загреб, 18.03.2022 г. Фото: Meta.mk [2], CC BY-NC 2.5 [3].

Присутните вееја украински и хрватски знамиња и извикуваа слогани. Дел од паролите вклучуваа и фотографии, со кои ситуацијата во Донбас денес се споредуваше со последиците од опсадата и бомбардирањето на хрватскиот град Вуковар [7] во 1991 година.

[8]

Украинка која живее во Хрватска стои покрај фотографии во текот на антивоениот протест во Загреб, 18.03.2022 г. На сликата на лево се поставени една до друга бомбардирана зграда во Украина и познатата Водоводна кула во Вуковар [9]. Фото: Meta.mk [2], CC BY-NC 2.5 [3].

Освен Хрвати и Украинци, меѓу учесниците и учесничките на протестот беа и граѓани на Белорусија. Тие објаснуваа дека се подеднакво загрозени од диктаторот Александар Лукашенко, којшто има затворено до илјадници лица како негови неистомисленици. Меѓу нив, има луѓе коишто завршиле во затвор заради носење црвена маичка и бели патики (боите на државното знаме кое го промовира демократската опозиција). Тие се обраќаа до граѓаните на Хрватска, повикувајќи на борба против заедничкото зло „кое може да чукне и на нивната врата“.

Учесниците на протестот делеа летоци [10] со кој минувачите ги поттикнуваат да ѝ помогнат на Украина, упатувајќи ги да се информираат преку фејсбук-страницата на Амбасадата на Украина во Република Хрватска [11], украинскиот Црвен крст [12] и преку платформата www.stopputin.wtf [13], на која се достапни информации за слични акции низ целиот свет.

[14]

Жена со пароли „Да живее Хрватска! Слава на Украина!’ и „Помогнете на Украина да ја спаси Европа! Воспоставете зона за забранети летови!“на протестот за поддршка на Украина во Загреб, 18.03.2022 г. Фото: Meta.mk [2], CC BY-NC 2.5 [3].

Изрази на поддршка за Украина се присутни и кај низа хрватски бизниси. По излозите низ центарот на Загреб често може да се видат симболи со боите на украинското знаме.

Продавниците за сувенири покрај хрватски продаваат и украински знамиња, а одредени продавници објавуваат дека донираат дел од профитот „за децата и семејствата погодени од војната во Украина“.

Искажување поддрша за Украина од страна на мали бизниси не е толку честа појава во другите балкански главни градови, каде стравот од реакција на локалните политички сили кои го поддржуваат режимот од Кремљ се посилни. На пример, претходните недели во Белград [18] и Скопје [19], беа одржани демонстрации за поддршка на Русија, во кои учествуваа и разни екстремистички групи познати по употреба на насилство против неистомисленици во минатото. Руската амбасада во Скопје  исто така јавно се закани [20] дека ги евидентира оние кои не се согласуваат со наративи на Кремљ.


За повеќе информации на темава, погледнете го специјалното покривање на темата Руска инвазија на Украина [21].