- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Отпуштањето на мексиканската новинарка Кармен Аристегуи иницираше загреани дебати на Твитер

Категории: Латинска Америка, Мексико, Граѓански медиуми, Медиуми и новинарство, Протест, Слобода на говор

На лансирањето [1] на MéxicoLeaks [2] (МексикоЛикс), платформа која прибира „протечени” информации за можна корупција, новинарката Кармен Аристегуи  [3]и нејзиниот истражувачки тим изјавија дека тие ќе го поддржат проектот. Ова доведе до отпуштање на соработниците на Аристегуи, Даниел Лизарага и Ирвинг Хуерта, од страна на нивниот работодавач Радио МВС, за наводно компромитирање на името на компанијата. Како одговор, Аристегуи бараше  [4]од радио станицата повторно да ги вработи Лизарага и Хуерта, по што компанијата ја отпушти и неа [5].

Ова иницираше масовна поддршка од следбеници на Твитер, кои јавно го изразуваа нивното незадоволство кон МВС Вести [6] со хаштаговите #EnDefensaDeAristegui [7](Во одбрана на Аристегуи), #EnDefenesaDeAristegui2 [8], и #AristeguiSeQueda [9] (Аристегуи останува). Корисниците исто така дискутираа и за состојбата со слободата на говор во Мексико.  

МВС е обвинета дека е поврзана со Partido Revolucionario Institucional [20] (Институционална револуционерна партија, PRI на шпански).

Од друга страна, хаштагот #LárgateAristegui [26] (Оди си Аристегуи) продуцираше критики и вербални напади кон оваа мексиканска новинарка: 

Партијата на власт, PRI, е обвинета дека го создала хаштагот: 

Пењаботови се сомнева дека се лажни профили направени од администрацијата на претседателот Пења Нието со цел да се спротивстават на било какви спротивставени ставови кон владата.