Италијанците бараат од нивните лидери кои зборуваат на англиски: „Кажете на италијански!“

The Italian Navy has launched a recruitment campaign not in Italian, but in English. From Marina Militare's Facebook page.

Италијанската морнарица започна кампања за вработување, но не на италијански, туку на англиски јазик. Од страницата на Фејсбук на Marina Militare.

Оваа статија и радио вест на Давид Левеиј (англиски, како и сите останати линкови) за The World, најпрво се појавија на PRI.org на 2 март 2015, а овде е реобјавена како дел од договорот за споделување на содржини.

Матео Ренци, најмладиот италијански премиер досега, навлекува на себе остри критики, коишто немаат ништо со неговите „итно потребни“ политички и економски реформи. Напротив, Италијанците не ја поднесуваат неговата сè почеста употреба на англиски термини.

Ренци го воведе терминот „jobs act“ (реформа за вработување), згора на тоа користи англиски зборови како „benchmark“ (референцијална точка) и „hashtag“ (хаштаг) во секоја од своите презентации. Инсистира и на тоа да министрите од неговиот кабинет треба да зборуваат англиски, прво вакво барање за италијанските политичари. Оваа мода се повеќе се шири: италијанската военa морнарица ја започна новата кампања за регрутација употребувајќи англиски слоган „Be Cool and Join the Navy“ (Бидете кул и придружете се во морнарица).

Англискиот сепак, не е добронамерно прифатен од голем број на Италијанци кој постојано расте и истите ги поттикнуваат политичарите да зборуваат на италијански.

„Имаме голема реформа во тек околу вработувањето“, вели Бепе Севергрини, новинар во Кориете дела Сера. „На италијански се вика ‘реформа на трудот, на работата’. Зошто воопшто треба да ја викаме Jobs Act (реформа за вработување)?“

Според Севергини, оваа употреба на англискиот е само нурнување во минатото, кога во Средниот век политичарите зборувале на латински со цел народот да не сфати што точно се случува. „Англискиот е како сахарин, не како шеќер, сахаринот што се става во јавното кафе на италијанската политика“. Потврдува. „Тоа е нешто што ги ублажува до толку работите, што луѓето не го дознаваат вистинскиот вкус што тлее под него“.

Друг пример е продолжената дискусија која што ги опфаќа претераните трошоци на владата. „Сакаме да продолжиме со вистинските контроли врз трошоците, па тогаш зошто не ги кажуваме на италијански, ‘ревизија на трошоците?’“, прашува Севергрини. „Јасно и едноставно…но не, тие тоа го кажуваат како spending review, па многумина Италијанци не успеваат ниту да го изговорат.“

„Која е потребата да се прави тоа?“ прашање кое Севергрини им го посвети на своите познавачи на политиката. Новинарот нагласува дека тие честопати одговараат дека тоа е подобар начин за да се комуницира со останатите Европејци и дека поголемиот број на Италијанци дефинитивно успева да ги разбере едноставните англиски термини како „jobs” (вработување) и „act” (реформа).

Одговорот на Севергрини? „Јас нема да подлегнам“ вели. „Јас го сакам италијанскиот… тоа што не ми се допаѓа е мешањето на јазиците и мешањето на овој начин покажува комплекс на инфериорност, мрзливост и занемарување. И јас велам mouse кога користам компјутер, но за сè останато сметам дека имаме голем јазик, па така треба да имаме добра смисла за употреба на италијанскиот“.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.