- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Отворено писмо со барање до Советот за човекови права на ОН да ги провери прекршоците во Виетнам

Категории: Источна Азија, Виетнам, Граѓански медиуми, Политика, Човекови права

Отворено писмо потпишано [1] од 27 групи и 163 индивидуи бара од Советот за човекови права на Обединетите Нации да ги провери прекршоците врз човековите права направени од владата во Виетнам. Потпишаните исто така бараат и укинување на членството на Виетнам во Советот за човекови права на ОН.

Ги повикуваме земјите членки да гласаат против Виетнам врз основа на континуираното неконтролирано кршење на човековите права. Време е виетнамската влада да научи дека не може повеќе да ја избегнува одговорноста.

Некои од прекршоците, наводно, направени од владата вклучуваат гонење на блогери, цензура, религиозни угнетувања, погрешни пресуди, злоупотреба на политичките затвореници и малтретирање на активисти.