- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Египет: Дали пристапот до Скајп ќе биде блокиран?

Категории: Среден Исток и Западна Африка, Египет, Граѓански медиуми, Економија и бизнис, Технологија, Уметност и култура

Постојат гласини дека египетската влада ќе го блокира пристапот до Скајп (Skype). Блогерите реагираат на непотврдените вести, во овој пост.

Israa El Sakka напиша за оваа гласина овде [1].

Таа рече:

Во изминативе 5 дена корисниците на Скајп пријавиле проблем, кој се појавувал при нивното најавување од Водафон 3G адаптерите за безжичен интернет. Службата за корисници на Водафон најави дека Телеком Египет ќе го блокира пристапот до Скајп во Египет и дека тоа е надвор од нивна контрола. По повторените повици од различни луѓе до службата за корисници на Водафон, им било кажано дека: „Скајп е блокиран од 13ти март, врз основа на наредба од Телеком Египет.“ Нема да биде изненадувачки да се дознае дека Египет ќе го блокира пристапот до Скајп, бидејќи не може да се очекува многу од држава која е категоричен непријател на интернетот.

Zeinobia од друга страна, не е сигурна дали гласините се вистините или не [2].

Таа забележа:

Не знам дали вестите се точни или не, ги чув сабајлево и не можам да ја проверам нивната веродостојност. Скајп работи добро со интернет провајдерот TE Data, кој пак е подружница на Телеком Египет. Воедно нема да бидам изненадена ако слушнам дека Египет ќе го блокира пристапот до Скајп затоа што Телеком Египет и мобилните оператори се лутат на луѓе кои го користат Скајп за бесплатни интернационални разговори!! Јас би рекла дека причината е повеќе економска отколку политичка.

И конечно Gr33n Data верува дека владата нема никаква врска со ова [3], туку само политиката на Водафон.

Тој напиша:

Како што можете да забележите, изворот на овие вести се корисниците на Водафон кои не се во можност да го користат Скајп, кога се конектирани на интернет преку нивните 3G адаптери. A бидејќи многумина од ADSL корисниците соопштиле дека Скајп работи добро во нивните домови, имам силно чувство дека египетската влада нема никаква врска со ова. Верувам дека зад ова стои само Водафон DPI, кој го блокира пристапот до Скајп за да не им наштети на нивните приходи.