- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Дубаи: Сеќавање на иранскиот блогер Омид Реза Мирсајафи

Категории: Среден Исток и Западна Африка, Иран, Обединети Арапски Емирати, Владеење, Дигитален активизам, Идеи, Слобода на говор, Човекови права

Околу 40 млади од сите четири страни на светот се собраа во едно кафуле во Дубаи и се присетија на годишнината од смртта на Иранецот Омид Реза Мирсајафи [1], првиот блогер кој умрел во затвор. Средбата исто така укажа на движењето 18ти март [2], преку уметноста.

Junkie, еден од членовите на тимот на движењето 18ти март, го објасни [3] планирањето на овој состанок, велејќи:

Јас мислев за организирање на Tweetup (и организирање на уметничко парче направено од заедницата за движењето во четврток, на 18ти март). Уметничкото дело ќе се состои од голем платно, каде што приврзаниците на движењето ќе можат да се соберат и да се изразат за тоа што слободата на говорот претставува за нив. Тие ќе можат да користат каков било возможен медиум – слики, цртежи, поезија па дури и отворен едноставен “Сакам слободен говор. Толку, точка.” чкртаница низ платното за да ја пренесат нивната порака.

Еве [4] некои од овие уметнички креации.

Против цензурата

За слободата на изразување

Ова е видео филм кој го покажува настанот во Дубаи:

OR318 -March 18 Movement – Dubai Edition [5] од Areeba Hanif [6] на Vimeo [7].

Движењето 18ти март користи анимации [8] за да допре до голема и млада публика. Нивната втора анимација [9] веќе достигна 75 000 посети. Анимацијата беше поставена на главната страна на Youtube на 12ти март.