- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Иран: Нов бран на апсење блогери

Категории: Среден Исток и Западна Африка, Иран, Дигитален активизам, Политика, Слобода на говор, Човекови права

Иранскиот веб-сајт за државни вести ИРНА [1] [фарси] и ултра конзервативниот весник Keyhan [2] [фарси] објави дека овој месец членовите на Iran Proxy [3], група која се бори против цензурата и филтрирање, се уапсени. Веб-сајтовите во соопштението [4] исто така наведува дека иранската влада прекина неколку „сајбер воени мрежи подржани од САД“ и дека уапсила 30 лица. Иранските сајтови за вести не наведоа колку од уапсените лица припаѓаат на Iran Proxy групата.

Iran Proxy се користеле со Twitter [5] и со нивниот веб-сајт во борбата против веб филтрирањето. Во интервју [6] за радио Farda, претставник на групата вели дека тие работеле шест години на „андерграунд“ борба против цензурата.

Пред три месеци, на нивниот веб сајт [фарси] групата соопшти [7] дека поради финансиски ги запираат нивните активности.

Keyhan објави [2] дека лидерот на групата е блогер наречен “Seyed Hussein Ronaghi Melki”, чиј потписи се Babak Khoramdin или Babak blogger. Весникот тврди дека блогерот е со седиште во Табриз и бил вклучен во активности за човековите права. Според Keyhan тој е уапсен од страна на безбедносните сили.

Babak Khoramdin ја користел [8] [фарси] сликата погоре на неговиот Twitter профил и блог [9] [фарси] каде што споделувал идеи за човековите права и политички проблеми.

Во меѓувреме, иранските реформистички сајтови објавија [10] [фарси] дека Мехди Абоутораби, основачот на блогот Persian [11], водечки блог провајдер во земјата, исто така е уапсен. Абоутораби бил поддржувач на претседателската кампања на еден од главните ирански опозициски лидери, Мир Хусеин Моусави [12]. Од претседателските избори на 12 јуни, иранските власти уапсија стотици новинари и политички активисти и исто така и многу блогери. Апсењето на Абоутораби не е поврзано со Iran Proxy групата.