Иран: Нов бран на апсење блогери

Иранскиот веб-сајт за државни вести ИРНА [фарси] и ултра конзервативниот весник Keyhan [фарси] објави дека овој месец членовите на Iran Proxy, група која се бори против цензурата и филтрирање, се уапсени. Веб-сајтовите во соопштението исто така наведува дека иранската влада прекина неколку „сајбер воени мрежи подржани од САД“ и дека уапсила 30 лица. Иранските сајтови за вести не наведоа колку од уапсените лица припаѓаат на Iran Proxy групата.

Iran Proxy се користеле со Twitter и со нивниот веб-сајт во борбата против веб филтрирањето. Во интервју за радио Farda, претставник на групата вели дека тие работеле шест години на „андерграунд“ борба против цензурата.

Пред три месеци, на нивниот веб сајт [фарси] групата соопшти дека поради финансиски ги запираат нивните активности.

Keyhan објави дека лидерот на групата е блогер наречен “Seyed Hussein Ronaghi Melki”, чиј потписи се Babak Khoramdin или Babak blogger. Весникот тврди дека блогерот е со седиште во Табриз и бил вклучен во активности за човековите права. Според Keyhan тој е уапсен од страна на безбедносните сили.

Babak Khoramdin ја користел [фарси] сликата погоре на неговиот Twitter профил и блог [фарси] каде што споделувал идеи за човековите права и политички проблеми.

Во меѓувреме, иранските реформистички сајтови објавија [фарси] дека Мехди Абоутораби, основачот на блогот Persian, водечки блог провајдер во земјата, исто така е уапсен. Абоутораби бил поддржувач на претседателската кампања на еден од главните ирански опозициски лидери, Мир Хусеин Моусави. Од претседателските избори на 12 јуни, иранските власти уапсија стотици новинари и политички активисти и исто така и многу блогери. Апсењето на Абоутораби не е поврзано со Iran Proxy групата.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.