- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Македонија: Меме на денот – за зависта

Категории: Источна и Централна Европа, Македонија, Граѓански медиуми, Дигитален активизам, Идеи

Откако Јасна Шоптрајанова Вртева [1] го објави следниот статус на нејзиниот профил на Фејсбук: „Кога ќе тргнете да завидувате некому, дека сè му е лесно, дека блазеси му, па плус стално весел, насмеан, расположен, помислете си дека можеби му е лесно зашто многу работи. И дека е весел зашто силно се бори да не побудали, а и да не ги оптоварува другите со проблемите кои се можеби и поголеми од вашите.“ Многу македонски корисници на социјални мрежи го реобјавија како нивни статус, а пораката се прелеа и на Твитер во форма на слика [2].