- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Водич: Блогирај за кауза!

Категории: Дигитален активизам, Идеи, Медиуми и новинарство, Слобода на говор, Технологија, Адвокс
Блогирај за кауза! [1]

Кликнете на сликата за да го преземете водичот

Блогирај за кауза!: Водичот за застапување преку блогирање на Global Voices [1] објаснува како активистите може да ги користат блоговите како дел од своите кампањи за неправдите во светот. Блогерите може да им помогнат на активистите на неколку начини. Ова е брз и евтин начин да се создаде присуство на интернет, да се рашират информации за одредена кауза и да се организираат акции за да се лобира кај донесувачите на одлуки.

Целта на водичот Блогирај за кауза!: [1] е да информира и инспирира. Водичот е создаден за да биде пристапен и практичен, давајќи им на активистите едноставни препораки за како да го користат блогот за да ја постигнат целта за нивната кауза.

Водичот е поделен на 5 делови:

  1. Најчесто поставувани прашања за што е тоа блогирање за застапување
  2. 5те клучни елементи за успешен блог за застапување
  3. 4те чекори за креирање на блог за застапување
  4. Како да го направите вашиот блог заедница од активни волонтери
  5. Препораки кои би им помогнале на активистите да останат безбедни онлајн

Исто така, водичот е полн со примери за блогови за застапување од целиот свет, со цел да им долови на читателите што може да се постигне. Овие наведени блогови за застапување имаат различни цели, почнувајќи од ослободување на затворени блогери во Саудиска Арабија, до заштита на животната средина во Хонг Конг.

Водичот е напишан од Мери Џојс [2], студент по дигитален активизам, а беше побаран од Global Voices Advocacy [3], проект на Global Voices против цензурата на интернет.

Преземете го водичот Блогирај за кауза! [1]